Ето љубоморно си го чува рекордот: Го исфрли капитенот за да не го престигне

Легендарниот камерунски напаѓач Самуел Ето направи сосема неверојатен потег пред Африканскиот куп на нации, на кој ќе учествува и репрезентацијата на Камерун.

Како што објави британскиот The Sun, Ето е обвинет во својата земја дека како претседател на Камерунската фудбалска федерација влијаел врз селекторот Давид Пагу да го отстрани напаѓачот Венсан Абубакар од списокот на повикани играчи.

Станува збор за легендарен играч на Порто и Бешикташ и икона на камерунската репрезентација, кој моментално игра за азербејџанскиот Нефтчи и е капитен на репрезентацијата.

Зошто Ето го направил ова? Причината е едноставна. Имено, 33-годишниот Абубакар се заканува да го сруши рекордот што го држи Ето како најдобар стрелец во камерунската репрезентација на сите времиња.

Абубакар моментално има 45 голови на 117 натпревари за Камерун, а Ето стравува дека може да го надмине неговиот рекорд од 56 голови на 118 натпревари, па затоа влијаел на одлуката на селекторот да не го повика робусниот напаѓач на претстојното Африканско првенство. Абубакар беше стрелец на победничкиот гол во финалето против Египет кога Камерун го освои АФКОН во 2017 година.

Камерунците направија сеслекторска смена откако во ноември не успеаја да се квалификуваат на Мундијалот 2026 и на три недели пред почетокот на континенталното првенство го назначија домашниот стратег Давид Пагу. Покрај Абубакар, новиот селектор не го повика и голманот Андре Онана, кој сезонава настапува за Трабзонспор како позајмен од Манчестер Јунајтед.

Африканскиот куп на нации започнува на 21 декември и ќе трае до 18 јануари, а Камерун се натпреварува во групата Ф заедно со Габон, Мозамбик и Брегот на Слоновата Коска.

На Ето не му се предава круната за најдобар стрелец
реклама

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Read more

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Фудбал

Барса ја одби првата понуда на ПСЖ за Феран Торес вредна 50 милиони евра

Read more

Камбек на една од најголемите икони на англискиот фудбал

Read more

Ерлинг Халанд на јахта стана туристичка атракција

Read more

Голема фрустрираност во Милан: Мeњан и Рабјо си го продолжиле одморот пред почетокот на Серија А

Read more

Спорт

Барса ја одби првата понуда на ПСЖ за Феран Торес вредна 50 милиони евра

Читај повеќе

Камбек на една од најголемите икони на англискиот фудбал

Читај повеќе
  • play_arrow

Ерлинг Халанд на јахта стана туристичка атракција

Читај повеќе

Голема фрустрираност во Милан: Мeњан и Рабјо си го продолжиле одморот пред почетокот на Серија А

Читај повеќе

Здружена офанзива против Инфантино и ФИФА: Чиј е фудбалот?

Читај повеќе

Џеф Безос купува голем дел од Ливерпул

Читај повеќе

Вардар се раздели со аргентинскиот тренер

Читај повеќе

Премиер лигата е бисер за економијата: Носи 33 милијарди фунти и 107.000 работни места

Читај повеќе

Шокантна одлука: Пеп решил да се пензионира!?

Читај повеќе