Евра одамна постави дијагноза: Арсенал е како Netflix - секогаш чекаш наредна сезона

Во право беше Патрис Евра кога му постави дијагноза на Арсенал. Вчерашната елиминација од Лигата на шампионите значи дека „Топчиите“ остануваат без трофеј сезонава. Но, секогаш има наредна, нели?

За време на неговата играчка кариера, Патрис Евра беше одликуван со фанатичен борбен дух за секоја топка, секој бод, трофеј. Поранешниот француски репрезентативец и играч на Манчестер Јунајтед, кој освои 14 трофеи со клубот, како и Лигата на шампионите во 2008 година, беше гостин во поткаст што го водеше неговиот долгогодишен клупски колега Рио Фернананд во октомври минатата година.

И го насмеа слатко со коментар за можното достигнување на Арсенал оваа сезона.

„Гледањето на Арсенал е како гледање Netflix. Секогаш мора да почекаш до следната сезона“, беше коментарот на Евра.

И кога сè што се случи оваа сезона со Арсенал ќе се сублимира, Евра е апсолутно во право. Менаџерот Микел Артета потроши 700 милиони фунти за потписи во последните три сезони, но не купи ниту еден напаѓач.

Без врвни напаѓачи, нема трофеи. Во дуел помеѓу два тима без вистинска деветка, едниот мораше да се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Овој пат беше Пари Сен-Жермен, но во Минхен на 31 мај, фаворит за подигнување на трофејот е секако Интер. Затоа што има четири напаѓачи, двајца од највисока класа како Лаутаро Мартинес и Маркус Турам, и уште двајца кои секогаш можат да блеснат, Марко Арнаутовиќ и Мехди Тареми. Луис Енрике го има Гонсалу Рамуш како деветка, но не го користи често...

Арсенал со Артета го освои ФА купот и двапати Черити Шилд. Залудни се приказните за доминација, шанси, одлични одбрани на Донарума, судиски одлуки. Како што рече Евра, Арсенал ќе мора да почека до следната сезона, бидејќи оваа ќе ја завршат без трофеј.

реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

24 мај 1964, најголемата фудбалска катастрофа

Read more

Фудбал

Конте: Неверојатно е тешко да се победува со Наполи

Read more

Проштална порака на Анчелоти: Магичните ноќи на Бернабеу веќе се дел од фудбалската историја

Read more

Во Јунајтед сите се на продажба, освен еден играч

Read more

МВР побара, ФФМ прифати: Баражот за прва лига преместен од Чаир

Read more
 

Спорт

Гром удри во авион со тенисери, Зверев со детали за драмата на небото

Читај повеќе

Конте: Неверојатно е тешко да се победува со Наполи

Читај повеќе
  • play_arrow

Се наѕира првиот финалист: Њујорк повторно шокиран на домашен терен

Читај повеќе

Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

Читај повеќе

Проштална порака на Анчелоти: Магичните ноќи на Бернабеу веќе се дел од фудбалската историја

Читај повеќе

Во Јунајтед сите се на продажба, освен еден играч

Читај повеќе

МВР побара, ФФМ прифати: Баражот за прва лига преместен од Чаир

Читај повеќе

Евролигата наредната сезона со 20 екипи

Читај повеќе

Спортот никогаш повеќе нема да биде ист? Стартува Олимпијада за допингувани

Читај повеќе