КОПА ИТАЛИЈА 2024/2025

Фабио Капело: Ароганцијата на Инѕаги го уби Интер против Милан

Убедливиот триумф на Милан во полуфиналето на Копа Италија над градскиот ривал Интер дојде како резултат на ароганцијата на тренерот на „Нераѕурите“, Симоне Инѕаги, смета прославениот италијански стручњак Фабио Капело.

Според еден од најдобрите италијански тренери во историјата, тактиката што ја користеше стратегот на домаќините на овој меч била погубна за неговиот тим.

„Интер беше солиден во првото полувреме, но ништо повеќе од тоа. Тие едноставно исчезнаа од теренот во вториот дел. Проблемот е што тренерот Инѕаги се однесуваше малку арогантно по елиминацијата на Баерн во Лигата на шампионите и така ја постави играта. Милан успеа да го казни тоа и заслужено обезбеди место во финалето на Копа Италија. Интер како да загуби допир со реалноста“, пишува Капело во колумна за Gazzetta dello Sport.

Милан победи со вкупни 4:1 откако синоќа славеше со 3:0 со головите на Лука Јовиќ (36. и 49. минута) и Тиџани Рејндерс (85-та). Во финалето ќе игра најверојатно со Болоња која вечерва го игра реваншот против Емполи, а има убедлива предност од 3:0.

Remote video URL

Во истиот напис, искусниот стручњак истакна дека клупата на тренерот на Милан, Сержиу Консејсаун, нема да биде спасена на крајот од сезоната дури и ако ја освои Копа Италија.

„Големото прашање е што ќе се случи со тренерот на Милан на крајот од сезоната. Мислам дека дури ни евентуалната победа во финалето закажано за 14 мај нема многу да промени. Ок, се разбира дека е подобро да освоиш трофеј отколку да не го освоиш, но големото прашање е колку вреди кога Милан не е ни блиску до позиција да се бори за место во Лигата на шампионите“, истакна Капело.

Сега 78-годишниот Капело беше играч на Милан во втората половина од 70-тите, а потоа тренерската кариера ја почна во примавера тимот на милан од 1982 до 1986 година. Првиот тим го водеше во три наврати: во 1987 како в.д. тренер, потоа од 1991 до 1996 и во сезоната 1997/1998.

Како играч од средниот ред во дресот на „Росонерите“ освои по едно Скудето и копа Италија, а како тренер на Милчан му донесе 4 Скудета, 3 италијански Суперкупа, 1 Лига на шампиони и е УЕФА Суперкуп.

реклама

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Маѓар не гледа проблем во картите на Голема Унгарија: Унгарците го паметат тоа време како златно

Read more

Новата Panda што многумина ја чекаа: Бензински мотор и пониска цена

Read more

Сите го исмеваа, а сега сакаат да го посетат: Како најгрдиот град во Европа стана атрактивен?

Read more

Фудбал

Топ 10 клубови што освојувале најмалку бодови во историјата на првата лига

Read more

Симеоне за Јамал: Нека игра тенис ако сака еден на еден

Read more

Нојер е во дилема: Нов договор, пензија или Премиер лига

Read more

Барса наоѓа маани на тревата пред реваншот со Атлетико Мадрид

Read more
 

Спорт

Топ 10 клубови што освојувале најмалку бодови во историјата на првата лига

Читај повеќе

Сезонава Ф1 сепак ќе се вози во Џеда

Читај повеќе

Симеоне за Јамал: Нека игра тенис ако сака еден на еден

Читај повеќе

Нојер е во дилема: Нов договор, пензија или Премиер лига

Читај повеќе

Барса наоѓа маани на тревата пред реваншот со Атлетико Мадрид

Читај повеќе

Новото НБА правило за 65 натпревари ја подели лигата, Баркли немилосрден кон играчите

Читај повеќе

Ги добиваме првите полуфиналисти во ЛШ: Барса и Ливерпул бараат чудо

Читај повеќе

Руските и белоруските пливачи повторно ќе настапуваат под своите знамиња

Читај повеќе

Кој ќе седне на жешкото столче на Аѕурите: Двајца се силни фаворити

Читај повеќе