Денеска во Куќа на фудбалот беше направена жрепката за одредување на паровите за одигрување на бараж натпреварите за пополнување на втората лига за наредната 2025/2026 сезона.
Во жрепката учествуваа победниците на петте групи од третата лига, како и Осогово како 12-топласиран во втората лига.
Исто како и лани, фортуната одлучи победникот на групата Север од третата лига, тимот на Шкендија 77 од Арачиново, да игра против единствениот второлигаш - Осогово.
ФФМ ги одреди и стадионите на кои ќе се играта натпреварите, а Комисијата за натпреварување не остави ништо ан случајноста и сите мечеви ги прогласи за висок ризик.
Натпреварите ќе се играат в сабота (24 мај) од 17:00 часот.
Стадион „Градски“, Кавадарци
Осогово – Шкендија 77
Стадион „Петар Милошевски ФФМ“, Скопје
Преспа – Слога 1934
Стадион „Ѓорче Петров“, Скопје
Големо Коњари – Тетекс
Поради дисквалификацијата на прволигашите Воска Спорт и Гостивар, тие нема да играта во втората лоига нареедната сезона, па се отвораат дополнителни две места. Така, од трите поразени екипи во баражот две со жрепка ќе се пласирата во втората лига.
Беше одлучено и единствениот бараж натпревар за пополнување на првата лига да се игра в недела (25 мај) од 17:00 часот, во Скопје.
Стадион „Чаир“, Скопје
Беса 1976 – Башкими 1947
Сепак, треба да се напомене дека Дисциплинската комисија при ФФМ допрва треба да одлучи за конечните казни на Кожуф и Башкими за наместениот натпревар кој е поништен, па може да дојде до промени и во баражите, односно Башкими да не игра бараж туку неговото место да го земе штипска Брегалница.
Во зависност од висината на казните, дали ќе бидат со одземање на бодови или дисквалификација, можно е да дојде до промени и кај баражите за пополнување на втората лига. Можно сценарио е да не се играат бараж натпреварите и сите 6 екипи да станат второлигаши.