Пристигнуваат строги казни

ФИФА доживотно суспендираше двајца поранешни претседатели на федерации

ФИФА им изрече доживотна забрана за учество во фудбалот на двајца поранешни претседатели на фудбалски федерации поради финансиски малверзации.

Претседателот на Фудбалската асоцијација на Монтсерат (МФА), Винсент Касел, е казнет за Злоупотреба на положбата, Системски судир на интереси и Злоупотреба на средствата на ФИФА и националните асоцијации, се вели во соопштението на светската Куќа на фудбалот.

Касел, заедно со тогашната генерална секретарка на МФА, Тандика Хјуз, се изјаснија за виновни за затајување данок на суд во Монсерат во април.

Двајцата беа гонети во 2011 година пред тогашниот Етички комитет на ФИФА поради скандал во кој фудбалски службеници од Карибите добиле пари поврзани со Мохамед бин Хамам од Катар, кој се обиде да му се спротивстави на Сеп Блатер на претседателските избори на ФИФА.

Касел, сепак, остана на чело на МФА до минатата година.

ФИФА потоа воведе задолжителна администрација во февруари поради, како што рече, „исклучителна криза и институционална парализа“.

Покрај доживотната суспензија, Касел е казнет и со 1 милион швајцарски франци, додека Хјуз е суспендирана на 15 години и парично казнета со 150.000 франци.

ФИФА, исто така, го суспендираше поранешниот претседател на Фудбалската асоцијација на Малдиви (ФАМ), Басам Адел Џалал, доживотно поради злоупотреба на средства од фондот за помош на ФИФА за време на пандемијата на коронавирусот.

Малдивските медиуми објавија дека Џалал годинава бил осуден на 23 години затвор за проневера на 1,2 милиони долари од средствата на ФИФА наменети за локалните клубови, кои наводно биле искористени за купување станови.

Џалел дополнително е казнет со 1 милион швајцарски франци, додека поранешниот финансиски директор на ФАМ, Мохамед Агил, е суспендиран на 10 години и казнет со 100.000 франци за помагање и поттикнување на злоупотреба на средствата на ФИФА, користење фалсификувана документација и несоработка во истрагата.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, минатата година ги посети Малдивите и зборуваше за проблемите со кои се соочи фудбалот во земјата во последните години.

Касел и Џалел беа и претседатели на нивните соодветни асоцијации за време на Конгресот на ФИФА во Бахреин во 2017 година. Инфантино потоа им рече на фудбалските претставници дека оние што се обидуваат да се збогатат со злоупотреба на фудбалот треба да го напуштат спортот.

Тагови
реклама

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Read more

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Read more

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Read more

Средновековен град го исклучи уличното осветлување, улиците ги осветлуваат свеќи

Read more

Фудбал

Венгер како претседател на ФИФА?

Read more

Роналдо официјално под суспензија

Read more

Зошто некои фудбалери на Баерн носат фластери на ушите?

Read more

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Спорт

Венгер како претседател на ФИФА?

Читај повеќе
  • play_arrow

Алонсо бесен: Овој мотор е смешен

Читај повеќе

Роналдо официјално под суспензија

Читај повеќе
  • filter

Зошто некои фудбалери на Баерн носат фластери на ушите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе