ФИФА подготвува жестоки санкции за Габон

Макфакс/Кајгана
/ 02.01.2026 / 13:19

Светската фудбалска федерација ќе реагира на одлуката на државата Габон, да го распушти тренерскиот персонал на националната фудбалска репрезентација и да ги суспендира сите тимски активности до понатамошно известување.

Се очекува ФИФА, во согласност со своите принципи и статус, да ja казни Фудбалската федерација на Габон за мешање на државата во работата и функционирањето на националната федерација и националните тимови.

Освен распуштањето на тренерскиот персонал, двајца од најважните и најискусните играчи, Пјер-Емерик Обамејанг и Бруно Екуеле Манга, беа отстранети од тимот по вториот меч поради, како што беше кажано, срамниот настап на репрезентацијата на Африканскиот куп на нации.

Габон беше поразен во сите три натпревари на турнирот (од Камерун 0:1, Мозамбик 2:3 и Брег на Слонова Коска 2:3).

Тамошниот министер за спорт, Симплис-Дезир Мамбула, во изјава за државната телевизија ја пренесе шокантната одлука на владата на оваа земја.

„Со оглед на срамниот настап на репрезентацијата на Африканскиот куп на нации, владата одлучи да го распушти тренерскиот персонал, да ги суспендира активностите на репрезентацијата до понатамошно известување и да ги исклучи играчите Бруно Екуеле Манга и Пјер-Емерик Обамејанг од тимот“.

36-годишниот Обамејанг, најдобриот стрелец на репрезентацијата на сите времиња (41 гол) и поранешен африкански фудбалер на годината (2015), ја заврши својата репрезентативна кариера против своја волја.

37-годишниот Манга е рекордерот според бројот на настапите за репрезентацијата (118) и капитен на националниот тим.

Разочарувањето од настапите на АФКОН е само продолжение на неуспехот на габонската репрезентација, која претходно потфрли и во квалификациите за Мундијалот 2026 каде не успеа да се пласира. габон заврпши втоир во квалкификациската група со бод заостанување зад Брегот на Слоновата Коска, а потоа беше елиминиран од Нигерија во баражот.

Одлуката на габонската влада директно ги крши статутите на ФИФА, кои строго забрануваат мешање на државата во работите на националните асоцијации. ФИФА воведува строги санкции за ваквите дејствија, вклучително и забрана за учество на репрезентацијата и клубовите од таа земја во натпревари под нејзино покровителство.

Неодамнешната историја нуди изобилство докази за ова: Зимбабве и Шри Ланка беа суспендирани од членство во ФИФА во 2022 и 2023 година поради мешање на владата, Индија се соочи со кратка суспензија во август 2022 година по судска одлука, а Кенија, ЧАД и Пакистан исто така беа суспендирани од меѓународниот фудбал во различни периоди од слични причини.

Несомнено е дека слична судбина го чека и Габон, се разбира, ако владата не ја промени својата одлука откако главите малку ќе се смират.

реклама

Фудбал

Пујол бесен: Ако судиите сакаат да бидат ѕвезди на вечерта, нека одат во циркус

Read more

Заврши мундијалскиот сон за Екитике

Read more

AS: Паника во Арсенал

Read more

Каталонски новинар по елиминацијата на Барса: УЕФА е мафија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Пујол бесен: Ако судиите сакаат да бидат ѕвезди на вечерта, нека одат во циркус

Читај повеќе

Усик го избра фаворитот: Џошуа или Фјури?

Читај повеќе
  • play_arrow

Заврши мундијалскиот сон за Екитике

Читај повеќе

AS: Паника во Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Каталонски новинар по елиминацијата на Барса: УЕФА е мафија

Читај повеќе

Нејмар даде гол, па се скара со навивачите на Сантус 

Читај повеќе

Топ 10 клубови што освојувале најмалку бодови во историјата на првата лига

Читај повеќе

Сезонава Ф1 сепак ќе се вози во Џеда

Читај повеќе

Симеоне за Јамал: Нека игра тенис ако сака еден на еден

Читај повеќе