ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

ФИФА разгледува нови правила за ВАР пред Мундијалот 2026

Челниците на ФИФА разгледуваат дополнителни мерки за намалување на судиските грешки со цел Светското првенство следната година да биде што е можно пофер и потранспарентно.

Фокусот е ставен на подобрување на ВАР системот и можни измени во правилата за негова употреба.

Според извештаите на британските медиуми, ФИФА размислува да им даде право на ВАР судиите да интервенираат во ситуации кога е досуден погрешен корнер или жолт картон.

Потенцијалната промена е дискутирана во рамките на Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ), телото кое ги регулира фудбалските закони. Според извештаите, ФИФА би можела да добие посебно одобрение за проширување на овластувањата на ВАР дури и без официјална промена на Правилата на играта.

Целта на ФИФА е ВАР да реагира во случаи што се сметаат за фактички одлуки, како што е досуден корнер, а не како субјективни проценки од страна на судијата.

Сепак, таквата промена веројатно би била во спротивност со Правилото 5, кое наведува дека судијата „не може да ја промени одлуката за начинот на продолжување на играта кога ќе сфати дека е неточна или по совет на друг судија, ако играта веќе е продолжена“.

Советодавниот панел на ИФАБ, составен од поранешни играчи, тренери и судии, изрази загриженост во врска со идејата, објаснувајќи дека дополнителните проверки би можеле значително да го забават текот на играта.

Иако грешките сè уште повремено се случуваат и покрај ВАР технологијата, статистиката покажува значително намалување на сериозните судиски грешки на меѓународните натпревари, што ја потврдува ефикасноста на системот, но исто така укажува на простор за понатамошно подобрување.

реклама

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 март: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ повеќе не може да се потпира само на правила

Read more

Швајцарците на референдум гласаа за заштита на готовината 

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Фудбал

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Read more

Чави откри кој ставил вето на враќањето на Меси во Барса

Read more

Масовна тепачка во бразилското финале: Судијата подели 23 црвени картони

Read more

Зошто Бекам не отиде со Интер Мајами кај Трамп?

Read more
 

Спорт

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Читај повеќе

Чави откри кој ставил вето на враќањето на Меси во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ постигна 35 поени во победата на Лејкерс, Букер блескаше во триумфот на Санс

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовна тепачка во бразилското финале: Судијата подели 23 црвени картони

Читај повеќе

Зошто Бекам не отиде со Интер Мајами кај Трамп?

Читај повеќе
  • play_arrow

Арда Ѓулер одби да се поздрави со тренерот на Реал откако го замени

Читај повеќе

Реал Мадрид десеткуван, повикани седум јуниори

Читај повеќе
  • play_arrow

Како реагираше Јокиќ откако го удри Дончиќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

На иранските фудбалерки им се заканува смртна казна бидејќи не ја пееја химната

Читај повеќе