Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска ги објави имињата на лицата кои ќе ја водат официјалната церемонија на извлекување на групите за Светското првенство 2026 во Канада, САД и Мексико.
Жрепката ќе се одржи во Центарот за сценски уметности „Кенеди“ во Вашингтон на 5 декември во 18:00 часот по средноевропско време, а ФИФА се погрижи самата церемонија да биде гламурозна.
Денеска беше објавено дека програмата ќе ја води познатата германска супермоделка Хајди Клум, а ќе ја придружуваат американските актери Кевин Харт и Дени Рамирес.
Ова ќе биде втор пат Клум да биде домаќинка на извлекување на Светското првенство. Таа беше заштитно лице на Мундијалот во нејзината татковина пред 20 години, кога беше водителка на извлекувањето на групите во 2006 година.
ФИФА, исто така, се погрижи музичката програма за време на извлекувањето да биде спектакуларна.
Андреа Бочели, Никол Шерцингер и Роби Вилијамс ќе настапат во живо, а откриено е дека Village People ќе го изведат својот најголем хит „Y.M.C.A.“ по извлекувањето.
За потсетување, Македонија исто така ќе учествува во извлекувањето и ќе биде дел од ливчето на кое ќе пишува „Победник европски бараж 4“ заедно со репрезентациите на Данска, Чешка и Ирска.