ФИФА суспендираше 7 репрезентативци на Малезија поради фалсификување на документи

Макфакс/Кајгана
/ 27.09.2025 / 12:20

Дисциплинскиот комитет на ФИФА донесе строги мерки против Фудбалската асоцијација на Малезија (ФАМ) и 7 интернационални фудбалери поради злоупотреба на документи и прекршување на Дисциплинскиот кодекс. Играчите имаат аргентинско, шпанско, бразилско и холандско потекло.

Суспендираните фудбалери се: Габриел Палмеро (Шпанија), Факундо Гарсес (Аргентина), Родриго Олгадо (Аргентина), Иманол Мачука (Аргентина), Жоау Фигејреду (Бразил), Хон Ирасабал (Баскија, Шпанија) и Хектор Хевел (Холандија). Гарсес настапува за Алавес во Ла Лига, додека Мачука за Велес во аргентинската Примера.

Според објавеното, ФАМ поднела лажни документи до ФИФА за овие играчи да можат да играат за Малезија против Виетнам во третото квалификациско коло за Азискиот куп на 10 јуни. Малезија победи со 4:0, а првите два гола ги постигнаа Фигејреду и Олдадо.

Како резултат на тоа, Малезија ќе треба да плати казна од 350.000 швајцарски франци, додека секој од фудбалерите ќе мора да уплати по 2.000 франци.

Покрај финансиската санкција, сите седум играчи се суспендирани од фудбалски активности на период од 12 месеци од денот на објавувањето на одлуката. Оваа одлука може да се обжали пред Апелацискиот комитет на ФИФА.

Тагови
реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Научниците открија дека всушност постои нешто побрзо од светлината

Read more

Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со услови за слаб дожд

Read more

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Read more

Фудбал

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Read more

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Read more

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Read more

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Read more
 

Спорт

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсеј го смени препознатливото лого, навивачите гневни

Читај повеќе
  • filter

Невиден подвиг: Има клуб кој штотуку стигна до својата 100-та последователна победа

Читај повеќе

Донарума проговори за прв пат по Зеница: Ме повредија лагите што излегоа во јавност

Читај повеќе