ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

ФИФА за 200 милиони евра го зголеми наградниот фонд на Светското првенство

Макфакс/Кајгана
/ 18.12.2025 / 14:40

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека наградниот фонд на Светското првенство 2026 ќе изнесува 655 милиони долари (558 милиони евра), што е зголемување од 50% во споредба со последното Светско првенство одржано во 2022 година во Катар.

Титулата светски шампион ја брани Аргентина, која пред три години ја победи Франција во финалето по изведувањето на пенали.

Секоја репрезентација што ќе се пласира на Светското првенство ќе добие 1,5 милиони долари (1,28 милиони евра) за трошоци за подготовка, што значи дека ФИФА ќе им исплати вкупно 727 милиони долари (619 милиони евра) на учесниците на Светското првенство во Канада, САД и Мексико.

Кој колку ќе добие:

Шампион – 50 милиони долари (42,6 милиони евра)
Вицешампион – 33 милиони долари (28 милиони евра)
Трето место – 29 милиони долари (24 милиони евра)
Четврто место – 27 милиони долари (23 милиони евра)
Од 5-то до 8. место – 19 милиони долари (16 милиони евра)
Од 9-то до 16. место – 15 милиони долари (13 милиони евра)
Од 17-то до 32. место – 11 милиони долари (9 милиони евра)
Од 33-то до 48. место – 9 милиони долари (7 милиони евра)

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, истакна дека Светското првенство 2026 ќе биде пресвртница во однос на финансискиот придонес кон глобалната фудбалска заедница.

Групите:

Група А: Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја, победник бараж Данска-Македонија/Чешка-Ирска

Група Б: Канада, Катар, Швајцарија, победник бараж Италија-Северна Ирска/Велс-Босна и Херцеговина

Група Ц: Бразил, Мароко, Шкотска, Хаити

Група Д: САД, Австралија, Парагвај, победник бараж Турција-Романија/Словачка-Косово

Група Е: Германија, Брег на Слонова Коска, Еквадор, Курасао

Група Ф: Холандија, Јапонија, Тунис, победник бараж Украина-Шведска/Полска-Албанија

Група Г: Белгија, Иран, Египет, Нов Зеланд

Група Х: Шпанија, Уругвај, Саудиска Арабија, Зелен 'Рт

Група И: Франција, Сенегал, Норвешка, победник бараж Ирак/Боливија-Суринам

Група Ј: Аргентина, Австрија, Алжир, Јордан

Група К: Португалија, Колумбија, Узбекистан, победник бараж ДР Конго/Нова Каледонија-Јамајка

Група Л: Англија, Хрватска, Панама, Гана

Тагови
реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Научниците открија дека всушност постои нешто побрзо од светлината

Read more

Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со услови за слаб дожд

Read more

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Read more

Фудбал

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Read more

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Read more

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Read more

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Read more
 

Спорт

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсеј го смени препознатливото лого, навивачите гневни

Читај повеќе
  • filter

Невиден подвиг: Има клуб кој штотуку стигна до својата 100-та последователна победа

Читај повеќе

Донарума проговори за прв пат по Зеница: Ме повредија лагите што излегоа во јавност

Читај повеќе