УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2024/2025 финале

Финалето на ЛЕ одамна не било толку очекувано: Англиските гиганти вечер во борба да се спасат од срамот

Финалето на Лига Европа долго време не привлекло толку големо внимание во светот на фудбалот, и тешко е да се сетиме кога тимови во полоша форма играле во финалето на некое натпреварување. Тотенхем и Манчестер Јунајтед вечерва го одлучуваат шампионот.

Два паднати англиски гиганти, кои зад себе ги имаат најсрамните сезони во модерната историја на фудбалот, играат вечерва за да ја спасат сезоната. Додека еден клуб ќе ја спаси својата чест со освојување на трофејот и пласман во Лигата на шампионите, другиот ќе ја памети 2025 година како една од најтешките во историјата.

Она што е познато е дека историјата на европскиот фудбал ќе ја напише оној што ќе го освои трофејот. Победникот од вечервашниот натпревар ќе стане најслабопласираниот тим во лига што изборил пласман во Лигата на шампионите во историјата на фудбалот.

Манчестер Јунајтед е на 16-то место, а Тотенхем на 17-то во Премиер лигата, веднаш над трите екипи што испаднаа од лигата.

Доколку Ипсвич, Лестер и Саутемптон можеа да победат било кого сезонава, тогаш и опстанокот на Тотенхем и Јунајтед ќе беше сериозно доведен во прашање.

Сепак, вечерва еден од двата тима ќе ја спаси сезоната и ќе стане победник на Лига Европа, а со тоа и ќе си обезбеди место во Лигата на шампионите.

Пет екипи ќе се квалификуваат за Лигата на шампионите преку Премиер лигата, а Тотенхем или Јунајтед ќе бидат шестиот претставник на Англија во најелитното европско натпреварување.

Тотенхем го освои последниот трофеј пред долги 18 години, па вечерва ќе имаат шанса да ја прекинат црната низа што трае од 2007 година кога го освоија Лига купот. Во меѓувреме, Манчестер Јунајтед имаше поголем успех, освојувајќи домашни купови во последните години.

Финалето на Лига Европа е закажано за вечерва од 21:00 часот на стадионот „Сан Мамес“ во Билбао. Атмосферата во баскискиот град веќе врие од синоќа, кога се случија жестоки навивачки судири. Главен судија на натпреварот е Германецот Феликс Цвајер.

реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Фудбал

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Read more

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Read more

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Read more

Португалски новинар тврди: Роналдо не сака да игра за репрезентацијата додека Жорже Жезуш е селектор

Read more

Спорт

Седум земји во трката за домаќин на Олимписките игри 2036 

Читај повеќе

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Читај повеќе

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Читај повеќе

Евролигата ја одби понудата од НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

Јаник Синер објави крај на сезоната

Читај повеќе

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Кога ќе ги решам здравствените проблеми, не гледам проблем да стигнам до ОИ во Лос Анџелес

Читај повеќе

Португалски новинар тврди: Роналдо не сака да игра за репрезентацијата додека Жорже Жезуш е селектор

Читај повеќе

Зидан ја откри формулата на одличната Франција: Резервите прават разлика, но тимската работа е клучна

Читај повеќе