Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер

Во Реал Мадрид се одржаа претседателските избори, на кои Флорентино Перес (79) убедливо победи и ќе остане на функцијата уште 4 години.

Неговиот противник Енрике Рикелме вети дека ќе го доведе Ерлинг Халанд, но мнозинството членови на Реал Мадрид очигледно не му веруваа.

Перес доби две третини од гласовите, а сега се очекува да го исполни своето ветување за доведување засилувања во вредност од 150 милиони евра.

„Најдобрите играчи во светот секогаш ќе играат со мене, а тоа ќе биде случај и следната сезона“, рече тој минатиот понеделник во претседателската кампања.

Веќе го исполни првото ветување. Веднаш по прогласувањето на победата, за време на својот победнички говор потврди дека Жозе Мурињо е новиот тренер на Реал Мадрид.

„Горд сум што можам да го објавам враќањето на еден од најдобрите тренери во светот, Жозе Мурињо“, рече Перес.

Мурињо го водеше Реал од три сезони од јуни 2010 до јуни 2013. По еднаш ја освои Ла Лига, Копа дел Реј и Суперкопа де Еспања, но потфрли во Лигата на шампионите. Реал е вториот клуб каде Мурињо се враќа на клупата по една авантура, откако тоа претходно го направи во Челси.

Самите избори беа нарушени со контроверзии. Броењето на гласовите започна дури еден и пол час по затворањето на гласачките места, при што 400 гласови за Перес беа поништени поради двојни потписи.

На крајот, тие гласови не беа пребројани, а тимот на Рикелме тврди дека најмалку илјада гласови за Перес требало да бидат поништени.

Според официјалните бројки, имало рекордна излезност на членовите на Реал Мадрид, при што Перес освоил 65% од гласовите, или 21.741 глас. Рикелме добил 35% од гласовите, или 11.814 гласови.

Ова ќе биде осмиот мандат на Перес како претседател на мадридскиот клуб.

Зад Реал е неуспешна сезона во која остана без ниту еден пехар, а капак на неуспехот беше тоа што остана без ниту еден играч во репрезентацијата на Шпанија на претстојниот Мундијал.

Мурињо досега двапати ја освои Лигата на шампионите, со Порто и Интер, и во вториот мандат ќе се обиде да го направи тоа и со „Кралскиот клуб“.

реклама

Од 20 јули конечно доаѓа финансискиот успех за 3 хороскопски знаци

Read more

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Read more

Скалони се расплака и го прекина пресот: Душата ме боли, простете ми

Read more

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Read more

Фудбал

Конечен пласман на Мундијалот: Историски успех за Норвешка, бламажа за Бразил и Чешка

Read more

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Read more

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Read more

Шпанија со освојувањето на Светското сруши 4 Гинисови рекорди

Read more

Спорт

Конечен пласман на Мундијалот: Историски успех за Норвешка, бламажа за Бразил и Чешка

Читај повеќе
  • play_arrow

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Читај повеќе

ТФТ, Маџари и Чаир не добија лиценца за настап во новата сезона

Читај повеќе

Шпанија со освојувањето на Светското сруши 4 Гинисови рекорди

Читај повеќе

Де ла Фуенте не ги криеше емоциите: Погорд сум од кога било во мојот живот, ова е генерација за вечност

Читај повеќе
  • play_arrow

Скалони се расплака и го прекина пресот: Душата ме боли, простете ми

Читај повеќе
  • play_arrow

Отаменди ги нападна поранешните соиграчи: Цела недела кукавте, двајцата…

Читај повеќе
  • play_arrow

Родри: Најтежок турнир, ги срушивме сите рекорди, а животот ги наградува храбрите

Читај повеќе