Денеска во УЕФА беа извлечени квалификациските групи за пласман на Светското првенство за жени, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Квалификациите паралено ќе бидат и Лига на нации сезона 2026/2027. Македонија квалификациите ќе ги започне од Лига Ц, во која има вкупно 6 групи. Натпреварите од оваа фаза ќе се играат во март, април и јуни 2026 година.
Победниците од шесте групи во Лига Ц, како и двете најдобро рангирани второпласирани репрезентации, ќе имаат можност да обезбедат пласман на Светското првенство преку бараж натпревари со второ и трето пласираните селекции од Лига А. Овие баражи ќе се играат во октомври и ноември 2026 година во две рунди, по што ќе следат интерконтиненталните баражи во февруари 2027 година.
Македонската репрезентација ќе го бара своето место во баражите преку групата Ц3, каде противници ќе ни бидат Унгарија, Азербејџан и Андора.