СЕРИЈА А 2026/2027

Гатузо: Фудбалот без навивачи нема смисла, подобро е да си го прошеташ кучето

Тренерот на Лацио, Џенаро Гатузо, имаше измешани чувства откако неговиот тим одигра нерешено 2:2 против Милан во вчерашниот натпревар од 5-тото коло на Серија А.

Лацио водеше со 2:0, но на крајот освои само бод, поради што Гатузо беше задоволен од пристапот на тимот во првото полувреме, но разочаран од падот во играта во второто.

Гатузо исто така беше незадоволен поради отсуството на навивачи на трибините на „Олимпико“.

Пред натпреварот, навивачите на Лацио го испратија тимот од тренинг-центарот „Формело“ до стадионот, но повторно одлучија да го бојкотираат влегувањето на самиот стадион „Олимпико“.

„Луѓето овде се страсни; не дај Боже некој да се закачи со нивниот тим – веднаш реагираат бурно. Сите тие би сакале да бидат на стадионот. Фактот што нè следеа од ’Формело‘ покажува дека со гордост гледаат на играчите кои го носат овој дрес. Бев трогнат кога ги видов тие луѓе, вклучително и постарите. Фудбалот без навивачи нема смисла. Подобро е едноставно да го изведеш кучето на прошетка“, рече тој.

Remote video URL

Навивачите на Лацио одлучија сезонава да не доаѓаат на стадион во знак на бојкот кон претседателот Клаудио Лотито. 70-илјадниот „Олимпико“ на досегашните три домашни натпревар (два во лигата и еден во купот) е морбидбно празен. Со Милан имаше 10 илјади публика, додека на претходните два само по 6 илјади.

реклама

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Read more

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Read more

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Read more

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Read more

Фудбал

Поранешниот англиски шампион бара нови газди од дното на третата лига

Read more

Венгер како претседател на ФИФА?

Read more

Роналдо официјално под суспензија

Read more

Зошто некои фудбалери на Баерн носат фластери на ушите?

Read more

Спорт

Поранешниот англиски шампион бара нови газди од дното на третата лига

Читај повеќе

Венгер како претседател на ФИФА?

Читај повеќе
  • play_arrow

Алонсо бесен: Овој мотор е смешен

Читај повеќе

Роналдо официјално под суспензија

Читај повеќе
  • filter

Зошто некои фудбалери на Баерн носат фластери на ушите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе