КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Гатузо го критикува системот на квалификации: Италија сруши рекорд, но ќе мора во бараж

Иако остварија 6 победи во низа и собраа дури 18 бодови, со можност да додадат уште, Италијанците најверојатно ќе мора да играат бараж за пласман на Мундијалот 2026 во Канада, САД и Мексико.

Италијанската репрезентација тесно ја победи Молдавија во Кишињев со 2:0. Италијанците поведоа со голот на Манчини во 87. минута, а конечните 0:2 ги постави Еспозито во третата минута од судиското продолжение.

Италија сега има 18 бодови, три помалку од Норвешка, која ќе ја пречека дома во следното, последно коло. Доколку двете репрезентации ги завршат квалификациите со по 21 бод, Норвешка ќе избори директен пласман на Светското првенство благодарение на значително подобрата гол-разлика. Моментално, селекцијата од Скандинавија е 17 голови пред Италија.

За да биде работата уште поиронична, Италија со оваа победа постави и нов рекорд: 6 последователни победи во мундијалските квалификации. Сепак, дури и тоа, според сите извештаи, нема да им биде доволно за директно квалификување, па ќе мора да оди во баражот, од каде има лоши спомени и тоа во последните два наврата.

Ова беше главната тема на дискусија на прес-конференцијата по вчерачниот натпревар.

„Не треба да ме прашувате мене тоа, туку луѓето што ги прават групите и правилата“, рече Гатузо. „Погледнете го ова: во 1994 година имаше само две африкански репрезентации на Светското првенство, сега има 7-8. Во наше време, најдобрата второпласирана екипа одеше директно на Светското првенство. Ова сега не е нормално“, рече Џенаро Гатузо.

Изјава што несомнено ќе предизвика бран реакции, и во ФИФА и во африканските фудбалски асоцијации.

Но, Гатузо и не е сосем во право. Европските бараж натпревари се традиција: не е вистина дека второто место „во старите времиња“ гарантираше квалификација. На пример, за да стигне до Германија 2006, Мундијалот на кој Гатузо и сите Италијанци со емоции се сеќаваат, Италија ја освои својата група токму пред Норвешка, која потоа беше елиминирана во баражот. Меѓутоа, во тоа време постоеше дополнителна можност: двете најдобри второпласирани репрезентации директно се квалификуваа.

Гатузо го коментираше и негодувањето на навивачите поради лошиот настап во Молдавија.

„Тимот се мачи на теренот и не можам да поднесам да ги слушам нашите навивачи како нè критикуваат на гостински терен. Во секој случај, да продолжиме понатаму. Честитки до играчите за уште една победа“, заклучи Гатузо.

Италија последен пат учествуваше на Мундијалот 2014 во Бразил, кога испадна уште во фазата по групи. Потоа не се квалификуваше 2018 во Русија и 2022 во Катар оти двапати губеше во баражот - прво од Шведска, а потоа од Македонија.

реклама

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Едноставни трикови за утврдување дали маслиновото масло е вистинско

Read more

Малдивите се демоде, таен остров е новиот рај за милионери

Read more

Фудбал

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Read more

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Read more

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Read more

Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Read more

Спорт

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Читај повеќе

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Читај повеќе

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Читај повеќе

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Читај повеќе

Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Читај повеќе

Познато е кој ќе ја наследи 10-ката на Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за невозможното гостување: 9 часа пат за 90 минути фудбал на крајот на светот

Читај повеќе

Обамејанг заврши со Габон: Ме понижија и ми го уништија угледот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени Калчо наградите 2026: Димарко, Фабрегас и Нико Пас меѓу победниците

Читај повеќе