УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2026/2027 КВАЛИФИКАЦИИ

Гендузи славеше пред навивачите на Лион, играчите се степаа во тунелот

Макфакс/Кајгана
/ 27.08.2026 / 14:29

Враќањето на Фенербахче во Лигата на шампионите по 18 години беше засенето од голем скандал по последниот свиреж на натпреварот против Лион во Франција.

Во центарот на настанот беше играчот од средниот ред на турскиот клуб, Матео Гендузи, поранешен фудбалер на Олимпик Марсеј, кој со своето однесување за време и по натпреварот дополнително ја вжешти веќе вжештената атмосфера.

Гендузи беше мета на домашните навивачи за време на загревањето, а ситуацијата стана уште потензична кога покажа среден прст кон трибините.

Вистински хаос се случи по последниот свиреж на судијата.

Гендузи ја прослави победата пред навивачите на Лион, извикувајќи „Напред Марсеј!“ и имитирајќи ги карактеристичните движења на раперот од Марсеј, Жил.

Му се придружи и Милан Шкриниар, поранешниот стопер на ПСЖ, кој исто така славеше пред домашните навивачи. Интересно, двајцата порано играа во Калчото, Словакот за Интер, а Французинот за Лацио.

Ваквото однесување предизвика бурна реакција од играчите на францускиот клуб, по што имаше турканица со Гендузи.

Конфликтот набрзо се префрли во тунелот на стадионот, каде што фудбалерите и членовите на стручните штабови на двата тима се вклучија во инцидентот.

Ситуацијата се претвори во масовна тепачка, а сцените од тунелот привлекоа големо внимание на јавноста.

За време на инцидентот, беше повреден и тренерот на голманите на Лион, Португалецот Антониу Ферејра.

Капитенот на Лион, Корентан Толисо, по натпреварот остро го осуди однесувањето на играчот од средниот ред на Фенербахче.

„Му реков да остане скромен во победата и да слави со својот тим во соблекувалната, бидејќи навивачите нè навредуваат секој викенд кога играме надово од нашиот стадион, па затоа не реагираме така“, рече Толисо.

Гендузи, од друга страна, понуди поинаква верзија на настаните. Францускиот фудбалер тврдеше дека навивачите на Лион го навредувале во текот на целиот натпревар, како и дека ги споменале неговата мајка и семејство.

Инцидентот би можел да има епилог и надвор од теренот, бидејќи се очекува реакција на УЕФА.

Remote video URL
реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Фудбал

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Read more

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Read more

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Read more

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Read more

Спорт

  • play_arrow

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Читај повеќе

Седум земји во трката за домаќин на Олимписките игри 2036 

Читај повеќе

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Читај повеќе

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Читај повеќе

Евролигата ја одби понудата од НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

Јаник Синер објави крај на сезоната

Читај повеќе

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Кога ќе ги решам здравствените проблеми, не гледам проблем да стигнам до ОИ во Лос Анџелес

Читај повеќе

Португалски новинар тврди: Роналдо не сака да игра за репрезентацијата додека Жорже Жезуш е селектор

Читај повеќе