Германската водителка Естер Седлачек последниве денови е во јавноста во Германија поради поврзаноста со фудбалерот Бастиан Швајнштајгер, со кој соработува на телевизијата ARD.

Имено, со последните тврдења на германските медиуми дека на бракот на Ана Ивановиќ и Бастиан Швајнштајгер му дошол крајот, како причина сѐ почесто се споменува името на водителката Естер Седлачек.
Седлачек заедно со Швајнштајгер е домаќин на спортско шоу на ARD, а минатото лето нивната блискост особено им фатила око на гледачите.
Покрај тоа, за време на преносите и мониторингот на Светското првенство во 2022 година, поранешниот фудбалер го привлече вниманието со шеги поради кои Естер се чувствуваше непријатно.
Снимките од нивните разговори и споделување насмевки се споделени на TikTok, а сето тоа повторно е во фокус со веста дека Бастиан се разведува. Исто така, некои веруваат дека Естер е „виновна“ за нивното раскинување.
Седлачек е во брак со германски бизнисмен со кој се омажи во април 2019 година, но во јавноста не се знае многу за него. Во мај 2019 година го добија своето прво дете, додека водителката во февруари откри дека повторно е бремена.
Да потсетиме, германски Bunte објави дека на љубовта меѓу поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот германски фудбалер Бастиан Швајнштајгер и дојде крајот и дека веќе два месеца не живеат заедно.