УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2024/2025

Гираси го урна рекордот на Левандовски и Холанд

Макфакс/Кајгана
/ 16.04.2025 / 10:39

Серху Гираси постигна хет-трик во победата на Борусија над Барселона (3:1), но не успеа со „Милионерите“ да се пласира во полуфиналето во Лигата на шампионите. Пресуди првиот меч, кој Барселона го доби со 4:0.

Гираси на „Вестфален“ урна неколку рекорди. Со трите гола дојде до бројката 13 голови сезонава во Лигата на шампионите. Сега тој е најдобриот стрелец на Борусија во една сезона во Лигата на шампионите, претходно тој рекорд го држеа Роберт Левандовски и Ерлинг Холанд (по 12 голови).

Репрезентативецот на Гвинеја синоќа стана првиот африкански играч кој постигнал хет-трик против Барселона. Исто така стана и играчот кој на Барселона ѝ дал најмногу голови во една сезона од Лигата на шампионите (5).

Remote video URL

Гираси игра брилијантно сезонава, постигнува гол на секои 144 минути. Се шпекулира дека внимателно го следат Манчестер Јунајтед, Челси и Арсенал.

Гвинеецот во досегашниот дел од сезоната на 40 натпревари има учинок од 28 голови и 9 асистенции.

Според Bild, откупната клаузула во договорот на Гираси изнесува 70 милиони евра.

Во Дортмунд дојде минатото лето од Штутгарт за 18 милиони евра. Претходно 29-годишниот голгетер настапуваше за Рен, Амјан, Келн, Оксер, Лил и Лавал.

реклама

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more
Направете домашна пица во тавче по рецепт на Џејми Оливер

По рецепт на Џејми Оливер: Домашна пица во тавче

Read more

Грците одбиваат да прифатат бегалци депортирани од Германија

Read more

Драстичен пад на продажбата на нови автомобили во Русија

Read more

Фудбал

Конте: Сега сè е во наши раце

Read more

Ридигер му се извини на судијата Де Бургос за дивјачкото однесување

Read more

Sky Sports: Анчелоти го напушта Реал следната недела

Read more

As за драмата пред Ел Класико: Ова е контаминирано финале

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тешка повреда на Лилард, се зборува и за крај на кариерата

Читај повеќе

Конте: Сега сè е во наши раце

Читај повеќе
  • play_arrow

Ридигер му се извини на судијата Де Бургос за дивјачкото однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Алкалоид ќе се бори за трофејот во ЕХФ купот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс поразени и покрај 65-те поени на Дончиќ и Леброн, удрија по судиите

Читај повеќе

Sky Sports: Анчелоти го напушта Реал следната недела

Читај повеќе

As за драмата пред Ел Класико: Ова е контаминирано финале

Читај повеќе

Телевизијата на Реал пред финалето со Барса удри по судијата Бенгоечеа

Читај повеќе

Дрес на Коби Брајант продаден за 7 милиони долари

Читај повеќе