Го игнорирал онлајн повикот во репрезентација мислејќи дека е спам, сега ќе игра на Светско

Роберто Лопес, познат како Пико, дефанзивец на ирскиот клуб Шамрок Роверс, има неверојатна приказна што покажува како една порака на LinkedIn може целосно да го промени текот на кариерата и да однесе мала нација на најголемата светска сцена. Неговото патување со репрезентацијата на Зелен ’Рт, кое кулминираше со историски пласман на Мундијалот, започна со повик што речиси го игнорирал.

Пико е роден во јуни 1992 година во Крумлин, предградие на главниот град на Ирска, Даблин, од татко Зелено’ртјанец и мајка Иркинка. Израснал во Ирска каде живее цел негов живот, а стигнал и до ирската репрезентација до 19 години.

Повикот што речиси заврши во спам

Сè започна во 2019 година кога Лопес доби порака од Руи Агуас, тогашниот селектор на Зелен ’Рт. Бидејќи никогал не го научил јазикот на неговиот татко - португалски, кој е официјален јазик на островката држава како поранешна португалска колонија, Лопес помислил дека е шега или спам и едноставно ја игнорирал пораката. Дури кога Зелено’ртската фудбалската федерација (ФЦФ) повторно го контактирала, овој пат на англиски, сфатил дека понудата е вистинска и сериозна. Еден месец подоцна, во октомври 2019 година, го имаше своето деби во пријателски натпревар против Того.

За подобро да се вклопи во тимот и да ја олесни комуникацијата со соиграчите, Лопес се посветил на учење португалски јазик. Неговата посветеност не само што покажа професионализам, туку и длабока желба да стане клучен дел од националниот тим, се истакнува во текстот на Cyprus Insider.

Историски успех за малата нација

Пет години по таа речиси пропуштена можност, сонот на Лопес стана реалност. Капе Верде испиша историја освојувајќи го првото место во Групата Ф од африканските квалификации, со што го обезбеди својот прв настап на Светските првенства на ФИФА.

Патот до Светското првенство беше сè друго освен лесен за земјата со околу половина милион жители. Соочени со силна конкуренција, тие покажаа исклучителна отпорност, тактичка дисциплина и борбен дух. Клучниот момент се случи во решавачкиот натпревар против Мали, каде што победија со 2:0, а Лопес беше еден од столбовите на одбраната што ја одржуваше мрежата недопрена.

Бројки што го потврдуваат квалитетот

За време на квалификациите, Зелен ’Рт имаше просек од 48% посед на топката, додека xG (очекувани голови) од 1,5 по натпревар сведочи за создавањето квалитетни шанси. Со просек од 5 шутеви кон голот по натпревар, популарните „Сини ајкули“ покажаа и офанзивна решителност. Лопес беше темелот на одбраната што прими само 5 голови во 6 натпревари.

Подемот на „Сините ајкули“ почна од 2013 година кога прв пат настапија на Африканскиот куп на нациите, по што следуваа уште три настапи во 2015, 2021 и 2023, прескокнувајќи ги собирите во 2017 и 2019. Во 2013 и 2023 стигнаа до четвртфиналето, а токму на последниот завршија први во групата без пораз пред Египет, Гана и Мозамбик, ја минаа Мавританија во осминафиналето за потоа да паднат на пенали пред Јужна Африка. Пико играше на изданијата 2021 и 2023.

На претстојниот Африканскиот куп на нации, кој ќе се одржи во декември 2025 и јануари 2026 во Мароко не успеаја да се квалификуваат откако имаа разочарувачки квалификации завршувајќи последни со само 4 бодови во група со Египет, Боцвана и Мавританија.

Патувањето продолжува

Додека Зелен ’Рт се подготвува за своето деби на Светското првенство, еуфоријата меѓу навивачите, и дома и низ целиот свет, продолжува, а приказната на Пико стана симбол на надеж и инспирација, покажувајќи дека можностите понекогаш се кријат на најнеочекуваните места.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Read more

Како Кина ја добива трговската војна?

Read more

Фудбал

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Read more

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Read more

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more
 

Спорт

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Читај повеќе

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе