Голман од деветта англиска лига одби да стане крал на Уганда, круната ја препушти на друг

Џорџ Дезмонд Камураси е обичен голман и капитен на англискиот аматерски клуб Саут Ист Донс, но неодамна доби неверојатна животна можност.

Овој 36-годишник, на соиграчите познат како Биг Џи, всушност потекнува од кралското семејство Тооро во Уганда.

Неговиот помлад братучед Ојо – тогашниот владетел – ненадејно починал кон крајот на август, што го поттикнало Комитетот за наследување на тронот да започне постапка за избор на нов владетел.

Комитетот го посочил искусниот англиски голман како главен кандидат за преземање на тронот во Уганда.

Иако кралот нема вистинска политичка моќ, оваа улога е од суштинско значење за културниот и општествениот живот во земјата.

Исправен пред голема дилема, Камураси побарал дополнително време за да се консултира со сопругата и со деловните партнери во Лондон.

Кралскиот комитет не сакал да чека неодредено време на неговата конечна одлука, па англискиот аматер на крајот го одбил тронот.

„Поради лични обврски, не можам да ја преземам таа одговорност“, изјави Камураси, препуштајќи му ја круната на Едвард Рукиди Киџанангома.

Човекот кој можеше да биде крал на Уганда сега се враќа на своето секојдневие во Лондон и брани во деветтиот ранг на англискиот фудбал.

Клубот за кој настапува, Саут Ист Донс, игра во Премиер дивизијата на Источната лига на јужните окрузи, каде што настапуваат клубови од Кент и Југоисточен Лондон. Тоа е деветто ниво во англискиот фудбал, а клубот лани бил втор во својата лига во десеттото ниво и преку плејоф се искачил ранг погоре.

Тагови
реклама

Од 16 октомври Плутон веќе не е ретрограден: 3 хороскопски знаци ги чека голема среќа

Read more

Расте бројот на бракови со деца во Германија, податоците загрижуваат

Read more

Конзервирана риба што е поевтина од туната, а е многу здрава

Read more

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Read more

Фудбал

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Read more

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Read more

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Read more

Касано безмилосно удри по Кристијано Роналдо: Станува предмет на потсмев

Read more

Спорт

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Читај повеќе

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Читај повеќе
  • play_arrow

Касано безмилосно удри по Кристијано Роналдо: Станува предмет на потсмев

Читај повеќе

Ужасни сцени дома го спречија голманот на Виљареал да игра против Наполи

Читај повеќе

Го одбиваа, сега го молат: Кој е дечкото што го „згази“ Интер? 

Читај повеќе
  • play_arrow

13 октомври во македонскиот фудбал: Историја во Крањ и бламажа во Андора

Читај повеќе

Швајцарците ќе градат стадион каков што светот досега нема видено

Читај повеќе

Меси одбра 10 таленти што ќе ја одбележат иднината на фудбалот

Читај повеќе