ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Гордон најстар, Мора најмлад учесник на Светско – Израмнет рекордот на Бора Милутиновиќ

Макфакс/Кајгана
/ 03.06.2026 / 20:59

ФИФА соопшти дека сите 48 репрезентации што учествуваат на Светското првенство испратиле конечни списоци со по 26 играчи и нагласи дека промените се можни само во случај на сериозни повреди.

Секоја репрезентација ќе има можност да замени играч во случај на сериозна повреда, но најдоцна 24 часа пред нивниот прв натпревар во групната фаза.

ФИФА истакна дека шкотскиот голман Крег Гордон е најстариот играч на турнирот со 43 години и 162 дена, а дека најмладиот е Мексиканецот Хилберто Мора со 17 години и 240 дена.

Светската фудбалска федерација потсети и дека мексиканскиот голман Гиљермо Очоа (40) и капитените на Португалија и Аргентина, Кристијано Роналдо (41) и Лионел Меси (38), учествуваат на рекордното шесто Светско првенство, нешто што досега никој не го направил. Сите тројца учествуваа на истите Мундијали почнувајќи од она во 2006, па 2010, 2014, 2018, 2022 и сега во 2026.

Исто така, ФИФА истакна дека селекторот на Гана, португалскиот стратег Карлуш Кејрош (73), ќе учествува на петтото Светско првенство по ред, со што го израмни рекордот на српскиот стручњак Велибор Бора Милутиновиќ.

Кејрош ја предводеше Португалија во 2010, Иран во 2014, 2018 и 2022, а сега ќе седи на клупата на Гана.

Милутиновиќ го предводеше Мексико во 1986, Костарика во 1990, САД во 1994, Нигерија во 1998 и Кина во 2002.

реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Read more

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Read more

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Read more

Фудбал

Кристијан Ериксен повторно го оживуваа на терен среде натпревар

Read more

Италијанците сигурни: Манчини ќе биде новиот селектор, договорено е

Read more

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Read more

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Read more

Спорт

  • play_arrow

Кристијан Ериксен повторно го оживуваа на терен среде натпревар

Читај повеќе

Италијанците сигурни: Манчини ќе биде новиот селектор, договорено е

Читај повеќе
  • play_arrow

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Читај повеќе

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Читај повеќе
  • play_arrow

Напаѓачот на Ирак 7 часа бил испрашуван на аеродромот во Чикаго

Читај повеќе

Робин ван Перси доби отказ

Читај повеќе
  • play_arrow

Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер

Читај повеќе

Два клуба од Премиер лигата во трка да го потпишат најскапиот Италијанец во историјата

Читај повеќе

Бразил без Нејмар посилен од Египет, Аргентина победи без Меси

Читај повеќе