Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико, Антоан Гризман (34), го продолжи договорот со клубот. Поранешниот француски репрезентативец ќе го носи дресот на „Јорганџиите“ до јуни 2027 година.
Антоан Гризман во Мадрид пристигна во 2014 година од Реал Сосиедад за 30 милиони евра. Мандатот го заврши пет години подоцна кога за 120 милиони евра се пресели во Барселона.
Две години подцна се врати на „Метрополитано“, најпрво на позајмица, а потоа Атлетико го откупи неговиот договор.
Гризман со 197 голови е најдобриот стрелец во историјата на Атлетико, осми според бројот на настапите за клубот, односно трет странец со најмногу настапи (442). Пред него се само Јан Облак и Анхел Кореа.
Со Атлетико го освои Суперкупот на Шпанија во 2014 година, Суперкупот на УЕФА во 2018, односно Лига Европа истата година кога стана светски шампион со Франција како еден од лидерите во неговата генерација.
Изминатава сезона Гризман ја заврши со 16 голови и 8 асистенции во 53 настапи во сите натпреварувања.