фифа ранг-листа октомври 2026

И покрај низата порази: Македонија падна само две места на ранг-листата на ФИФА

Филип Здравески
/ 07.10.2026 / 14:01

Пад од две места забележа Македонија на најновата ранг-листа на ФИФА, објавена денеска, каде се најде на 71. место.

Фото: ФФМ

Можеби многумина очекуваа вртоглав пад со оглед на четирите последователни порази во исто толку натпревари во новата сезона од Лигата на нации, но Македонија сепак назадуваше само две места.

Според официјалните податоци, репрезентацијата изгуби дури 18,24 бодови и со 1.350,91 бод од 69-тото падна на 71. место. Падот се должи и на одличните резултати на Северна Ирска, која на јулската листа беше веднаш зад нас, а сега скокна дури 6 позиции. Нѐ престигна уште и Јамајка. За наша среќа и другите репрезентации околу нас не забележаа добри резултати, па оттаму и падот од само две позиции.

Македонија во овој период загуби двапати од Швајцарија со по 3:0 дома и на гости, а со по 2:0 дома од Шкотска и на гости кај Словенија.

Лани во октомври бевме на 65-тото место.

Што се однесува во врвот, нема големи промени во топ 10. Шпанија е прва пред Аргентина, Франција и Англија. Единствен скок направи Португалија, која сега е 5-та откако ги рипна Бразил и Мароко. Следуваат Белгија, Холандија и Мексико.

Наредното ажурирање ќе биде направено на 18 ноември, по последната репрезентативна пауза за оваа година.

реклама

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Фудбал

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Read more

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Read more

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Read more

Кој е 17-годишниот вундеркинд кој доби повик од Клоп?

Read more

Спорт

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Читај повеќе

Хамилтон стои зад критиките кон Леклер: Никогаш нема да се извинам 

Читај повеќе

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Читај повеќе

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е 17-годишниот вундеркинд кој доби повик од Клоп?

Читај повеќе

Недопирливо наследство: Засега никој нема да ја носи „десетката“ на Меси

Читај повеќе

Роналдо не сака ни проштален натпревар за Португалија

Читај повеќе
  • play_arrow

Доктор ја објаснува трагедијата со смртта на Хесус де Мигел

Читај повеќе
  • play_arrow

Соборен Гинисов рекорд: 51 исклучување на еден натпревар во Бразил

Читај повеќе