УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2024/2025

Интер во драма го сруши Баерн среде Минхен, потоп на Реал во Лондон

Во првите четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите видовме два одлични меча во Минхен и Лондон, а победите ги однесоа Интер и Арсенал.

На „Алијанц Арената“ во Минхен домашниот Баерн го започна натпреварот со висок притисок, пропуштајќи неколку убави шанси. Хари Кејн ја погоди стативата од чиста позиција на почетокот на мечот, додека Лирој Сане и Мајкл Олисе имаа удари кои беа блиску до голот. На другата страна Интер опасно се закани по еден контранапад, по што Карлус Аугусту шутираше, но ја погоди само надворешната страна од мрежата.

И покрај доминацијата на Баерн, Интер го издржа почетниот притисок, а потоа ги казни грешките на Баварците во 38. минута. По еден одличен потег, Маркус Турам со атрактивен потег со пета го проигра Лаутаро Мартинес, кој со удар со надворешна го совлада голманот на Баерн, Јонас Урбиг, за 1:0.

Во продолжението Баерн продолжи да притиска, но Интер можеше да постигне и втор гол, кога ударот на Лаутаро од непосредна близина го спречи Урбиг.

Тренерот на Баерн, Венсан Компани, во 74. минута ги внесе Томас Милер и Серж Гнабри за засилување на нападот, а тоа вроди со плод во 85. минута. Кејн нафрли од левата страна, а осамениот Милер од непосредна близина погоди за 1:1.

И кога Баерн ги фрли сите карти во нападот, следуваше нов голем шок во 88. минута. По брза акција, Карлус Аугусту нафрли од левата страна, а резервистот Давиде Фратези ја испрати топката во мрежата за Интер да победи со 2:1 во пресрет на реваншот закажан за следната среда. Голот на Фратези навивачите на Интер ги потсети на голот на нашиот Горна Пандев во 2011 година исто во Минхен во истата 88. минута за тогаш победа од 3:2.

Баерн притисна во завршните минути барајќи ново израмнување, но не успеа да ја пробие цврстата италијанска одбрана.

Remote video URL

Фудбалерите на Арсенал благодарение на фуриозната игра во вториот дел го совладаа Реал Мадрид со убедливи 3:0, со што направија голема разлика во пресрет на реваншот. Навивачите на Арсенал се надеваа на добра игра против бранителот на титулата, но и најоптимистите навивачи на „Емирејтс“ веројатно не мислеа дека вака ќе го потопат големиот Реал Мадрид.

Натпреварот беше отворен со подобра и поофанзивна игра на Арсенал, но тоа остави многу простор за контранапади на Реал Мадрид. Томас Парти ја имаше првата голема шанса во 13. минута за „Топчиите“, но голманот Тибо Куртоа брилијантно одбрани. Килјан Мбапе возврати со удар од работ на шеснаесетникот кој мина над голот. Мбапе можеше да го доведе Реал во водство во 31. минута, но овојпат голманот Давид Раја го запре неговиот удар. Арсенал имаше шанса за завршен удар во првото полувреме, но во два наврата Куртоа ја сочуваше мрежата на Реал. На одмор се замина без голови.

Продолжението на средбата донесе чудесни настани кои никој не можеше да ги претпостави и маестрални голови на Деклан Рајс од слободен удар.

Во 58. минута англискиот репрезентативец го постигна првиот прекрасен гол од слободен удар, а по неговиот удар топката го обиколи живиот ѕид и заврши во мрежата од голот на Реал.

Следеа три одлични шанси за Арсенал во една акција во 68. минута, но и уште еден гол на Рајс, повторно од слободен удар. Овој пат шутираше во 70. минута во голманскиот агол, а Куртоа немаше шанса.

Мадриѓаните не се опоравија ниту по тој шок, а веќе го примија и третиот гол. Во 75. минута Микел Мерино доби центаршут од левата страна и од прва прекрасно ја погоди мрежата на гостите.

До крајот на мечот разнишаниот Реал немаше поим како да се закани кон голот на Раја. Остана 3:0, па Арсенал има голема предност во пресрет на реваншот, каде Реал ќе биде без Едуард Камавинга кој во последните секунди од играта доби втор жолт картон откако бесно ја шутна топката изразувајќи револт на судиска одлука.

Remote video URL

Реваншите помеѓу Интер и Баерн и Реал и Арсенал се закажани за следната среда (16 април). Иако „Нераѕурите“ и особено „Топчиите“ имаат предност, досегашните искуства во Лигата на шампионите ни кажуваат дека сѐ уште ништо не е готово, особено кога е во прашање Реал.

Резултат и стрелци:

Баерн - Интер 1:2
85' Томас Милер - 38' Лаутаро Мартинес, 88' Давиде Фратези

Арсенал - Реал Мадрид 3:0
58', 70' Деклан Рајс, 75' Микел Мерино

Денеска играат (21:00):

Барселона - Борусија Дортмунд (Arena Premium 1)

ПСЖ - Астон Вила (Arena Premium 2)

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

Фудбал

Поради досадниот ПСЖ, Французите го менуваат форматот на лигата

Read more

Раул Асенсио обвинет за дистрибуција на детска порнографија

Read more

Заврши сезоната за Феран Торес

Read more

Ѕвездата на Реал Мадрид го прекина молкот: Доста измислувате

Read more
 

Спорт

Поради досадниот ПСЖ, Французите го менуваат форматот на лигата

Читај повеќе

Раул Асенсио обвинет за дистрибуција на детска порнографија

Читај повеќе

Заврши сезоната за Феран Торес

Читај повеќе
  • play_arrow

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Читај повеќе
  • play_arrow

Минесота ќе игра финале во Западот, Бостон намали против Њујорк

Читај повеќе

Ѕвездата на Реал Мадрид го прекина молкот: Доста измислувате

Читај повеќе

Романо: Алонсо целиот свој живот се подготвуваше за овој момент

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Барса нема да слави на теренот ако утре стане шампион?

Читај повеќе

Иконската Сампдорија падна најниско во својата богата историја

Читај повеќе