
Официјално е одлучено фудбалерите на Интер и Рома во недела од 15 часот да го одиграат својот натпревар од 34. коло на Серија А. Тој натпревар требаше да се одигра в сабота во 18 часот, но сите фудбалски натпревари тој ден беа одложени поради погребот на папата Франциск што ќе се одржи во сабота. Покрај натпреварот Интер-Рома, таа сабота требаше да играат и Комо-Џенова и Лацио-Парма. Првата двојка ќе игра в недела, а втората в понеделник.
Постоеше можност Интер и Рома сепак да играат во сабота за италијанскиот шампион Интер да има дополнителен ден за одмор за првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона, кој ќе се одигра в среда, на 30 април. Тоа нема да се случи, па Интер ќе се соочи со тежок распоред во наредните денови.
Распоредот на Интер за следните седум дена:
23.4. Полуфинале во Купот на Италија, Интер - Милан
27.4. Серија А, Интер - Рома
30.4. Полуфинале во ЛШ, Барселона - Интер
Тие денеска ќе го одиграат реваншот од полуфиналето на Купот на Италија против Милан, откако првиот натпревар заврши 1:1. Потоа в недела играат против Рома, а за седум дена играат на гости кај Барселона.
Барселона, ривалот на Интер во полуфиналето, секогаш ќе има ден повеќе одмор од миланскиот ривал. Во вторникот одиграа првенствен натпревар против Мајорка, додека в сабота навечер во Севиља ќе го одиграат финалето на Купот на кралот против Реал Мадрид.
Интер и Наполи се во жестока битка за шампионската титула во Серија А. Двата тима имаат по 71 бод и се на врвот на табелата.