Иран и Египет прават сè за да не играат Pride Match на Светско

Откако беше одлучено натпреварот на Светското фудбалско првенство 2026 меѓу Иран и Египет да се одигра во чест на ЛГБТК+ популацијата, двете држави презедоа први официјални чекори за тоа да не се случи.

Големо внимание привлече информацијата дека натпреварот во Сиетл идното лето ќе биде означен како ЛГБТК+ „Pride Match“, бидејќи вклучува две земји каде што хомосексуалноста е нелегална.

Локалниот организациски комитет во Сиетл, еден од градовите домаќини на Светското првенство, соопшти дека натпреварот на стадионот Lumen Field на 26 јуни ќе биде одржан во знак на поддршка на ЛГБТК+ заедницата.

Овој план бил усвоен пред жрепката за парови и групи, па не се знаело кои екипи ќе играат во рамките на тој посветен натпревар. Но, судбината се погрижи токму Иран и Египет да се најдат во таа категорија.

Меѓутоа, официјалните лица на ФИФА би можело да бидат принудени да го преместат натпреварот од групната фаза поради жалбите на двете земји во однос на ЛГБТК+ тематиката.

Мехди Тај, претседател на Иранската фудбалска федерација, официјално потврди дека иранската и египетската страна испратиле дописи со кои се противат на ваквиот настан.

„И Египет и ние се спротивставивме, бидејќи овој потег е неразумен и нелогичен, а суштински означува поддршка на одредена група. Мораме да ја решиме оваа ситуација“, изјави Тај.

Сè уште не е познато како точно ќе изгледа тој натпревар и што имаат намера организаторите. Се очекува фудбалерите да носат симболи на ЛГБТК+ заедницата, како боите на виножитото, а рекламите покрај теренот да бидат посветени на оваа популација.

Тешко е да се очекува дека Иран и Египет целосно ќе го одбележат настанот на начин како што е предвидено.

Тагови
реклама

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Фудбал

Роналдо официјално под суспензија

Read more

Зошто некои фудбалери на Баерн носат фластери на ушите?

Read more

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Спорт

  • play_arrow

Алонсо бесен: Овој мотор е смешен

Читај повеќе

Роналдо официјално под суспензија

Читај повеќе
  • filter

Зошто некои фудбалери на Баерн носат фластери на ушите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе