Италијанците сигурни: Манчини ќе биде новиот селектор, договорено е

Италијанската репрезентација наскоро би требало да има нов-стар селектор, бидејќи враќањето на Роберто Манчини на клупата на „Аѕурите“ е сè поизвесно, објавуваат водечките италијански медиуми.

По уште едно разочарување по неуспехот да се квалификуваат за Светското првенство, челниците на федерацијата одлучија одговорноста за новиот циклус да му ја доверат на стручњакот кој на репрезентацијата ѝ донесе еден од најголемите успеси во модерната историја.

Според информациите од новинарите Џанлука Ди Марцио и Николò Скира, сè што останува е да се завршат последните формални детали пред соработката да се официјализира.

Се очекува Манчини да потпише договор до 2030 година, со кој ќе заработува 2 милиона евра по сезона. Договорот би вклучувал и заштитна клаузула што би ѝ дозволила на федерацијата да го раскине договорот доколку националниот тим не ги исполни своите цели во претстојните квалификациски натпревари.

Додека се одлучуваше за трајно решение, националниот тим привремено го водеше Силвио Балдини, кој е актуелен селектор на „Аѕурините“, односно репрезентацијата на Италија до 21 година. Мандатот на Балдини беше успешен, бидејќи „Азурите“ во драстично подмладен состав ги добија двата пријателски натпревари, со минимални резултати против репрезентациите на Луксембург и Грција, двата во гости.

Со враќањето на Манчини, Италијанците се надеваат дека ќе започнат ново поглавје и конечно ќе завршат со периодот на нестабилност што трае со години. Искусниот стручњак остави длабока трага на клупата на националниот тим кога ја предводеше Италија до титулата на Европското првенство 2020, кое поради пандемијата се одигра во 2021 година.

Манчини потоа доживеа голем удар во мундијалските квалификации кога прво во квалификациската група Италија заврши втора зад Швајцарија, а потоа во баражот испадна уште во полуфиналето од Македонија и тоа губејќи на свој терен во Палермо.

Продолжи со поразот од 3:0 од Аргентина на „Вембли“ во Финалисима, односно новото натпреварување за шампионите на ЕУРО и Копа Америка (годинава не се одигра поради инвазијата ан САД и Израел врз Иран, а требаше да се игра во Катар).

Манчини остана на клупата и ја однесе Италија на фајнлфорот во Лигата на нации, каде сепак не стигна до финалето. Неговиот последен меч беше 3:2 победата над Холандија за третото место.

Откако ја напушти Италија, веднаш се префрли во Саудиска Арабија станувајќи селектор на оваа репрезентација. Но, таму не му одеше и по само една година на клупата го раскина договорот оти малку фалеше да ја остави Саудиска Арабија без пласман на Мундијалот 2026.

Во ноември 2025 седна на клупата на катарскиот Ал-Сад, потпишувајќи двегодишен договор. Таму сезонава ја освои титулата во домашната лига.

Сега може да се врати на местото каде што го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера.

Прв меч за Манчини по враќањето на аѕурната клупа ќе биде дуелот со Белгија на 25 септември во Лига А од Лигата на нации. Во тој проширен прозорец на „Аѕурите“ им следуваат гостувања кај Турција и Франција, а потоа домашен меч со Турците.

реклама

Од 20 јули конечно доаѓа финансискиот успех за 3 хороскопски знаци

Read more

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Read more

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Read more

Скалони се расплака и го прекина пресот: Душата ме боли, простете ми

Read more

Фудбал

ФИФА отвори истрага за срамното однесување на Аргентина по финалето против Шпанија

Read more

Конечен пласман на Мундијалот: Историски успех за Норвешка, бламажа за Бразил и Чешка

Read more

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Read more

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Read more

Спорт

ФИФА отвори истрага за срамното однесување на Аргентина по финалето против Шпанија

Читај повеќе

Конечен пласман на Мундијалот: Историски успех за Норвешка, бламажа за Бразил и Чешка

Читај повеќе
  • play_arrow

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Читај повеќе

ТФТ, Маџари и Чаир не добија лиценца за настап во новата сезона

Читај повеќе

Шпанија со освојувањето на Светското сруши 4 Гинисови рекорди

Читај повеќе

Де ла Фуенте не ги криеше емоциите: Погорд сум од кога било во мојот живот, ова е генерација за вечност

Читај повеќе
  • play_arrow

Скалони се расплака и го прекина пресот: Душата ме боли, простете ми

Читај повеќе
  • play_arrow

Отаменди ги нападна поранешните соиграчи: Цела недела кукавте, двајцата…

Читај повеќе