Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Елеонора Инкардона (35) е едно од најпрепознатливите имиња на италијанската спортска сцена, а неодамна стана неопходен дел од Светското клупско првенство во САД, каде што работи како водителка на телевизијата DAZN.

Оваа атрактивна и харизматична водителка ги освои срцата на обожавателите со својата препознатлива насмевка и енергија. Родена во малото сицилијанско гратче Кјарамонте Гулфи, Елеонора учествуваше на изборот за Мис Италија 2010 како млада жена, што ѝ отвори врата во светот на манекенството и телевизијата. Иако почна да студира право, таа наскоро ја откри својата вистинска страст - спортското новинарство.

Моментално е ѕвезда на DAZN и ги следи најголемите фудбалски спектакли, известувајќи од најважните стадиони како што се „Џузепе Меаца“ во Милано и „Алианц“ во Торино. Нејзините следбеници ја знаат и како девојка на италијанскиот репрезентативец Самуеле Ричи, кој игра за Торино.

На Светското клупско првенство во САД, Елеонора е постојано во движење – од натпреварот Интер Мајами - Ал Ахли во Мајами, до долгото возење до Пасадена каде што го известуваше дуелот ПСЖ - Атлетико, до Атланта и Лос Анџелес каде што ги известуваше натпреварите на Челси и Интер.

Покрај фудбалот, Елеонора го сака и голфот, Формула 1, брзите автомобили, и сето ова го следи заедно со своите над еден милион и сто илјади следбеници на социјалните мрежи, кои го следат нејзиниот професионален и приватен живот.

Елеонора Инкардона е доказ дека талентот и страста кон спортот дефинитивно се исплаќаат – и едвај чекаме да видиме што уште ни носи оваа ѕвезда на италијанското спортско новинарство.

реклама

Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Read more

Лавров ги соопшти руските услови за мир

Read more

Грција воведува построги правила: Што значи ова за туристите од Македонија?

Read more

Падна клетвата, Новак победи пред Роџер: Конечно победив додека Федерер ме гледаше

Read more

Фудбал

Галатасарај испрати историски висока понуда за Осимхен

Read more

Ракитиќ со емотивно видео потврди дека ја завршува кариерата

Read more

Синот на Анчелоти станува тренер на актуелниот шампион на Бразил и на Јужна Америка

Read more

Донарума е во шок: Оди на психолог откако ненамерно му ја скрши ногата на Мусиала

Read more
 

Спорт

Галатасарај испрати историски висока понуда за Осимхен

Читај повеќе

Лаури ќе игра 20-та НБА сезона: Потпиша едногодишен договор

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна клетвата, Новак победи пред Роџер: Конечно победив додека Федерер ме гледаше

Читај повеќе

Дончиќ ќе ја предводи Словенија на Евробаскетот

Читај повеќе

Сабаленка погласна од моторна пила, официјално најгласна тенисерка во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракитиќ со емотивно видео потврди дека ја завршува кариерата

Читај повеќе

Синот на Анчелоти станува тренер на актуелниот шампион на Бразил и на Јужна Америка

Читај повеќе

Прв пат дури 7 тима учествуваа во трејд, некои поминаа многу добро

Читај повеќе

Донарума е во шок: Оди на психолог откако ненамерно му ја скрши ногата на Мусиала

Читај повеќе