Излегоа снимки: Тео Ернандес ги организирал забавите со ескорт девојки

Францускиот репрезентативец Тео Ернандес се најде во центарот на нов скандал откако италијанскиот папарацо Фабрицио Корона го обвини за организирање приватни забави во кои наводно учествувале ескорт девојки.

Корона објави видеа на кои се гледа како поранешниот фудбалер на Милан и Реал Мадрид танцува опкружен со голем број девојки. На некои од видеата гостите носат дресови на Милан.

„Тео Ернандес ја организираше ескорт забавата и беше главната личност зад сето тоа. Тој дури наводно купил и комбе специјално за овие собири“, тврди Корона.

Според него, на забавите наводно присуствувале Хакан Чалханолу, Брахим Диас, Самуел Кастиљехо, Џанлуиџи Донарума, Сандро Тонали, ретко се појавувал Рафаел Леау, додека Златан Ибрахимовиќ се појавил само еднаш.

Корона, исто така, тврди дека на овие собири биле користени балони што содржат азотен оксид, познат и како „гас за смеење“.

„Еднаш, возачот наводно му рекол на Тео: 'Престани, утре имаш натпревар'“, рече Корона.

Ова не е прв пат Ернандес да биде поврзан со скандал. Пред година и пол, Корона објави видео од наводен инцидент во ноќен клуб, на кое се гледа маж за кој тврдеше дека е француски фудбалер како се тепа со две жени.

Во тоа време Корона објави и документ во кој тврди дека е постигнат договор меѓу адвокатите на Ернандес и сопствениците на клубот. Според обвинувањата, фудбалерот наводно платил вкупно 95.000 евра за инцидентот да се држи подалеку од очите на јавноста.

Новите обвиненија доаѓаат само неколку недели откако обвинителите во Милано разбија мрежа за проституција која наводно ја користеле голем број фудбалери од Серија А.

Засега Ал Хилал и Ернандес официјално не коментираа за новите обвинувања.

Левиот бек играше за Милан од 2019 до 2025 година запишувајќи 262 настапа, 34 голови и 45 асистенции.

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Фудбал

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Read more

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Read more

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Read more

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Read more

Спорт

  • play_arrow

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Читај повеќе

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Читај повеќе

Преседан на ИХФ: Мундијалска вајлд карта за Турција и Саудиска Арабија

Читај повеќе

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Читај повеќе

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Читај повеќе

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Читај повеќе

Гросо е нов тренер на Фиорентина

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ги предводеше Спарс до победа над Никс и ја намали разликата во финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Џака повторно го покажа албанскиот симбол за кој ФИФА го казни

Читај повеќе