Откако неговата Шпанија обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство со победа над Белгија, а младиот ас на Барселона упати порака до фаворизираните Французи.
18-годишниот фудбалер беше прогласен за играч на натпреварот по уште еден одличен настап, а со новата победа дојде и импресивна статистика која многу зборува за неговите дуели со Килјан Мбапе.
Јамал со француската ѕвезда се има соочено пет пати во нокаут фазата на различни натпреварувања и сите пет пати има излезено како победник. Прво, ја елиминираше Франција во полуфиналето на Европското првенство 2024, потоа двапати го победи Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп (2025 и 2026), па во финалето на Копа дел Реј (2025), и на крај победник во полуфиналето од фајнлфор турнирот во Лигата на нации 2025.
Откако Шпанија се пласираше меѓу четирите најдобри репрезентации во светот, тој не го криеше своето задоволство.
„Пресреќен сум. Стигнавме до полуфиналето и продолжуваме понатаму. Секогаш сум под притисок од неколку играчи, но потоа се отвора простор за некој друг, исто како со нашиот прв гол“, рече Јамал.
И потоа го насочи вниманието кон својот следен ривал. Шпанија ќе се соочи со Франција во полуфиналето, а Јамал повторно покажа огромна самодоверба.
„Мислам дека ако треба да се плашат од некого, тоа сме ние, бидејќи веќе ги избркавме.“
🚨🇪🇸 Lamine Yamal: “I think that if France has to fear anyone, it's us…
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 10, 2026
…as we're the ones who have knocked them out before”. pic.twitter.com/L7RV2FlBdJ
Со оглед на неговиот настап против Мбапе во најголемите натпревари досега, тешко е да се каже дека овие зборови не се поткрепени со резултати. Пет нокаут натпревари, пет победи - и шанса да се продолжи таа серија на шест во полуфиналето на Светското првенство.
Натпреварот Франција - Шпанија се игра во вторник од 21:00 часот по македонско време на „AT&T“ стадионот во Арлингтон, Тексас.