Јамал ​​за антимуслиманските скандирања на Шпанија - Египет: Неподносливо непочитување... се гледаме на Светско

Пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Шпанија и Египет помина, но двете земји сè уште зборуваат за настаните на почетокот на првото и второто полувреме од мечот одигран во Каталонија, кога дел од публиката им се потсмеваше на припадниците на исламската вероисповед. Извикуваа „кој не скока е муслиман“, што особено го погоди Ламин Јамал.

Јамал е роден во Каталонија од татко Мароканец и мајка од Екваторска Гвинеја, двајцата муслимани. Неговата згрозеност, вознемиреност и тага од скандирањата не можеа да се сокријат. Затоа сите чекаа да чујат што има да каже 18-годишната ѕвезда на Барселона, и добија реакција.

„Јас сум муслиман, фала му на Алах. Вчера на стадионот се слушаше скандирање „кој не скока е муслиман“. Знам дека беше насочено кон противничкиот тим, а не против мене лично, но како муслиман, го сметам тоа за непочитување и неподносливо.“

Натпреварот се играше на стадионот „Корнеља-Ел Прат“, дом на Еспањол, прошпански клуб од Барселона.

„Разбирам дека не се сите навивачи такви, но на оние што скандираат вакви работи, им велам: користењето на религијата како шега на стадион ги прави да изгледаат неуки и расисти. Фудбалот е уживање и навивање за него, а не непочитување на луѓето за тоа кои се или во што веруваат. Благодариме до сите што дојдоа да нè поддржат, се гледаме на Светското првенство“, рече Јамал ​​за ексцесите што се предмет на истрага од локалната полиција, како и од ФИФА.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

Сликичката им треба, ама гага

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Фудбал

Огромни промени за фудбалските репрезентации: Што смени УЕФА?

Read more

Врие во соблекувалната на Реал: Борба за моќ меѓу Мбапе и Винисиус

Read more

Роналдо го вика Пеп: Саудијците му нудат пари што обичен смртник не може ни да ги замисли

Read more

Еден од најбогатите луѓе во светот планира да го доведе Клоп

Read more
 

Спорт

Огромни промени за фудбалските репрезентации: Што смени УЕФА?

Читај повеќе

Врие во соблекувалната на Реал: Борба за моќ меѓу Мбапе и Винисиус

Читај повеќе

Роналдо го вика Пеп: Саудијците му нудат пари што обичен смртник не може ни да ги замисли

Читај повеќе

Еден од најбогатите луѓе во светот планира да го доведе Клоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Навивачот статуа ќе оди на Светско: ДР Конго го вклучи во официјалната делегација

Читај повеќе
  • play_arrow

Борба за првиот европски трофеј сезонава: Фрајбург сонува за историја, Вила брка враќање на тронот

Читај повеќе

Азар: Ја сакав 10-ката на Модриќ, не ми ја даде

Читај повеќе
  • play_arrow

Брансон ги предводеше Никс до голем пресврт и победа над Кавс во првото финале на Истокот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како играчите на Арсенал ја прославија титулата во Премиер лига

Читај повеќе