
Фудбалерите на Челси го победија Лос Анџелес со 2:0 во првото коло од групата Д на Светското клупско првенство во Америка, а главната приказна на натпреварот се празните трибини на стадионот во Атланта каде што се играше натпреварот.
Имено, стадионот „Мерцедес-Бенц“ собира 70.000 гледачи, а непосредно пред натпреварот, масовно беа споделувани фотографии кои покажуваат дека е само делумно исполнет.
Еден од најдобрите американски клубови играше против англискиот гигант, но малкумина се заинтересирани за тој натпревар.
Празните трибини кога играчите подоцна втрчаа на теренот се наполнија малку, па на крајот натпреварот официјално го гледаа 22.000 гледачи, што е сепак помалку од една третина од капацитетот на стадионот.
Mercedes-Benz Stadium before kickoff of Chelsea vs. LAFC. pic.twitter.com/svWc355Lg5
— ESPN FC (@ESPNFC) June 16, 2025
Американците тврдат дека причините за малата посетеност се тоа што натпреварот се играл во екстремна топлина и во 15:00 часот и дека натпреварот од Лос Анџелес бил преместен во Атланта.
Во вториот натпревар од оваа група, бразилскиот Фламенго го победи тунискиот Есперанс со 2:0, но натпреварот во Филаделфија привлече само 25.000 гледачи на стадион кој може да прими три пати поголем број.
Да потсетиме дека малата посетеност поради неатрактивните термини на натпреварите е една од причините зошто Светското клупско првенство, кое се игра во новиот формат со 32 клуба во Америка, е критикувано.