Репрезентацијата на Гана се соочи со сериозен проблем пред почетокот на Светското првенство, бидејќи на играчот од средниот ред, Томас Парти, не му беше дозволено да влезе во Канада поради судска постапка што се води против него во Обединетото Кралство.
Поранешниот фудбалер на Арсенал во јули 2025 година подби 5 обвиненија за силување и едно за сексуален напад.
Парти на рочипштето во септември ги негираше сите обвинувања, а против него беа поднесени две нови обвиненија за силување во февруари оваа година. Ги отфрли и нив со тоа што се изјасни за невин.
Според медиумите, канадските власти одбиле да му дозволат влез во земјата. Иако Парти не е осуден и постапката против него е сè уште во тек, според достапните информации, властите одлучиле да не му дозволат влез во земјата.
Фудбалерот продолжува да ги негира сите обвиненија, додека се очекува судскиот процес во Обединетото Кралство да продолжи.
Гана првиот меч на Мундијалот го игра на 18-ти во 1:00 часот рано утрото, а противник ѝ е Панама. натпреварот се игра на „БиЕмОу“ стадионот во Торонто.