Кристијано Роналдо не е само вечна тема за јавноста и медиумите; неговите постапки и карактер често се дискутирани од поранешните и сегашните колеги на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во светот, иако тој тврди дека е над сите други.
Последниот пат кога им даде причина беше со тоа што доброволно и демонстративно ја напушти португалската репрезентација, за време на првиот циклус од натпреварите од Лигата на нации 2026/2027, бидејќи тренерот Жорже Жезуш не го одржа ветувањето дадено кон него и не го внесе во игра против Норвешка, иако долго време пред тоа се загреваше. А, потоа го прекрши зборот и не ја објасни ситуацијата на првата прес-конференција. Плус, контроверзноста околу тоа што не ја заврши кариерата трае со години, иако сега има 41 година.
„Неговата ситуација е неодржлива. Мора да се помири со себе кога станува збор за неговата спортска кариера. Едноставно повеќе не може. Сè има своја граница. Станува предмет на потсмев, вистинска фарса“, остро вели поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано.
😳 Antonio Cassano critica muy duramente a Cristiano Ronaldo: "Su situación es insostenible. Necesita hacer las paces consigo mismo en lo que respecta a lo deportivo, simplemente ya no puede seguir. Todo tiene un límite. Se está convirtiendo en un hazmerreír, en una farsa". https://t.co/XLmqywB983
— Fútbol Italiano 🇮🇹 (@FTItaliano__) October 13, 2026
„Зар не сфаќа дека веќе 7-8 години едвај стои на нозе? Треба да се пензионира или не? Неговото его направи тој да мисли дека тој е над сите: 'селекторот треба да ми се извини'. Претседателот оди на аеродром... ма какви лудории се тоа? Полн е со пари, има одвоено сѐ, ништо не му недостасува, а уште продолжува... сам паѓа. Веќе 7-8 години како e неодржлив. Има ли некој во негова близина што ќе му го каже тоа или нема? Чудно е. Тој си оди дома, а Гонсалу Рамуш дава 4 гола на 4 натпревари. Со Жуау Феликс треба да мислат на него оти тој сака да даде гол. 'Ааа, уу, пенал', ма престани! Неодржлив е, последниве 7-8 години е неодржлив, треба да престане да игра.“
„Чудно каде сѐ неговото его го носи. Кога излезе неговото соопштение, знаеш кога? Попладнето. Проблемот е што тој не прифаќа. Но, проблемот не е што треба да се прават споредби со оној другиот, тој другиот е друг свет, тој вели дека 'сега е праведно да бидам казнет, да бидам суспрендиран, но после сакам да се вратам во репрезентацијата за да бидам компетитивен и да освојувам титули за португалскиот народ'. Добар е во главата или не?“, заврши Касано.
Само уште Роналдо навистина да беше заинтересиран за мислењата на другите луѓе, без тие да доаѓаат од неговата обожавана мајка, остатокот од неговото семејство и пријателите.