Ќе има ли конечно дуел Роналдо - Меси на Светско?

Филип Здравески
/ 05.06.2026 / 11:47

За двајцата ова ќе биде рекордно шесто Светско првенство, а во претходните пет Португалија и Аргентина никогаш не ги вкрстија копјата. Дали конечно светот ќе го дочека овој епски дуел?

Португалија и Аргентина меѓу себе имаат одиграно само 8 натпревари и тоа сите пријателски (два од нив на пријателски турнири во Бразил). Никогаш, ама буквално никогаш не се сретнале на некое меѓународно натпреварување на ФИФА. Кристијано Роналдо и Лионел Меси ги одиграле двата последни нивни пријателски дуели. Интересно, никогаш не играле на аргентинска почва: 4 пати во Португалија и 4 на неутрален терен.

Иако двајцата играат на мундијалите уште од оној во 2006 година во Германија, никогаш не се начекаа еден против друг, иако цел свет со душа го чекаше нивниот меѓусебен дуел. Сега на Мундијалот 2026 во Канада, САД и Мексико е последната шанса за нивна официјална репрезентативна пресметка.

На претходниот Мундијал 2022 во Катар математиката велеше дека можат да се сретнат во големото финале, но Португалија и Роналдо се сопнаа во четвртфиналето против Мароко.

Сега во Северна Америка можат да се соочат најрано во четвртфиналето, но и во финалето. Сепак, сѐ зависи од нивниот пласман во групната фаза.

Аргентина е во групата Ј заедно со Алкжир, Австрија и Јордан, додека Португалија е во претпоследната група К со ДР Конго, Узбекистан и Колумбија.

Доколку двете завршат први во групата, тогаш неизбежна е нивната пресметка во четвртфиналето.

Доколку една од нив заврши прва, а другата втора, тогаш ќе се најдат на различни страни во нокаут-фазата и нивната средба ќе биде можна само во големото финале.

Во игра се повеќе сценарија бидејќи на овој Мундијал и дел од третопласираните ќе продолжат во нокаут-фазата, но ваквото сценарио е тешко да се предвиди бидејќи постојат многу комбинации. Сепак, најреалните сценарија се горенаведените две.

Меси со триумфот во Катар го комплетираше списокот на пехари, додека на Роналдо му недостасува токму овој, мундијалскиот.

Сите меѓусебни дуели:

1928, Лисабон
Португалија - Аргентина 0:0

1952, Лисабон
Португалија - Аргентина 1:3

1954, Лисабон
Португалија - Аргентина 1:3

1961, Лисабон
Португалија - Аргентина 0:2

1964, Рио де Жанеиро (Бразил)
Аргентина - Португалија 2:0

1972, Рио де Жанеиро (Бразил)
Аргентина - Португалија 1:3

2011, Женева (Швајцарија)
Португалија - Аргентина 1:2

2014, Манчестер (Англија)
Аргентина - Португалија 0:1

реклама

Грците веќе не простуваат: Дронови ги демнат плажите, казни летаат на сите страни

Read more

Голем пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на јули: Доаѓа она што е ваше!

Read more

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Read more

Пред 19 години го бањаше како бебе, сега ќе играат мундијалско финале еден против друг

Read more

Фудбал

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Read more

Основале клуб во тајност, на првиот меч отишле пеш, а сè започнало поради една љубов

Read more

Додека сите играат за милиони, Халанд и пријателите избраа еднаквост со дамите

Read more

Ла Лига доминира во финалето: Неверојатни податоци пред битката за пехарот

Read more

Спорт

Војдан Стојановски: Имаме шанса за следниот чекор, но мора да бидеме максимално подготвени

Читај повеќе

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Читај повеќе

Основале клуб во тајност, на првиот меч отишле пеш, а сè започнало поради една љубов

Читај повеќе

Додека сите играат за милиони, Халанд и пријателите избраа еднаквост со дамите

Читај повеќе

Македонија против Кипар и Австрија во втората рунда од претквалификациите за ЕвроБаскет 2029

Читај повеќе

Ла Лига доминира во финалето: Неверојатни податоци пред битката за пехарот

Читај повеќе

ФФМ го одби барањето на Вардар за одложување на првиот натпревар од новата сезона

Читај повеќе

Пронајдено шишето на Пикфорд со белешки за пенали, реакцијата на Меси станува хит

Читај повеќе

Не можеше без политика: Дали ФИФА ќе ги казни Аргентинците за забранетиот транспарент?

Читај повеќе