Хаџиевски селектираше од легендите за хуманитарниот меч против Бугарија

Филип Здравески
/ 08.04.2025 / 15:27

Ѓоко Хаџиевски ќе ја води репрезентацијата на ветерани на Македонија, а на списокот покрај Пандев се најдоа легенди како Мицевски, Стојковски, Најдоски, Шаќири, Христов, Целески...

Доста имиња има на списокот од првиот официјален натпревар на Македонија одигран против Словенија во 1993 година во Крањ.

Фудбалските великани на Бугарија и Македонија на 27 април од 17:00 часот ќе одиграат хуманитарен натпревар во Варна, Бугарија. Целта е да се соберат средства и да се даде поддршка за настраданите во несреќата во Кочани, па целиот приход од овој меч ќе биде дониран за настраданите во трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Организатор на хуманитарниот натпревар е фондацијата „National94“, односно славната генерација на Бугарија од Мундијалот 1994 која остави длабока трага во светскиот фудбал со освоеното 4. место во САД, како и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

На натпреварот за Бугарија ќе настапат легендарните фудбалери предводени од Христо Стоичков, потоа Борислав Михајлов, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Наско Сираков, Ивајло Јорданов, Бончо Генчев, Красимир Бал'ков, а ке има и од помладата генерација, како Валери Божинов.

Македонската репрезентација е во состав со фудбалери од првата репрезентативна генерација, онаа по независноста, но и играчи кои подоцна се приклучија и исто така оставија длабоки траги. Во нашиот состав се и Тасевски и Трајанов, играчи кои оставија белег во бугарскиот клупски фудбал.

Ѓоко Хаџиевски е селектор на македонската репрезентација, а Димитр Пенев е предводник на бугарската.

Како што информира ФФМ, на натпреварот ќе му претходи хуманитарна програма во која ќе настапат популарни изведувачи, а која ќе започне во 15:00 часот.

Билетите може да се купат преку мрежата на Eventim по цени од 15 лева. 

„Овој гест на солидарност претставува силна порака за човечност и заедништво и симбол на пријателство, спортски дух и заедничка хуманост“, велат од ФФМ.

Составот на Македонија:

Голмани:
Данчо Целески
Зоран Мицевски

Одбрана:
Илија Најдоски
Благоја Милевски
Игор Митрески
Светозар Станковски
Горан Георгиевски
Љупчо Марковски
Митко Стојковски
Сашо Милошевски

Средина:
Горан Пандев
Марјан Стојковски
Тони Мицевски
Неџмедин Мемеди
Ристо Божинов
Ванчо Трајанов
Дарко Тасевски
Драги Канатларовски

Напад:
Ѓорѓи Христов
Зоран Бошковски
Агим Ибраими
Артим Шаќири
Арѓент Беќири
Ванчо Мицевски

Селектор:
Ѓокица Хаџиевски

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Како кората од портокал може да го забрза растот и цветањето на цвеќињата?

Read more

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Read more

Фудбал

Одредени бараж двојките за пополнување на втората лига

Read more

Седлоски повика 27 играчи, меѓу нив дури 8 од домашната лига

Read more

Луис Енрике: Арсенал се најдобри во светот кога играат без топка

Read more

Васоски: Шкендија можеби беше подобра, но тоа беше дел од тактиката

Read more
 

Спорт

Одредени бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Седлоски повика 27 играчи, меѓу нив дури 8 од домашната лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Арсенал се најдобри во светот кога играат без топка

Читај повеќе
  • play_arrow

Васоски: Шкендија можеби беше подобра, но тоа беше дел од тактиката

Читај повеќе
  • play_arrow

Оклахома Сити го победи Сан Антонио со 30 поени од Гилџс-Александер и израмни во серијата

Читај повеќе

Огромни промени за фудбалските репрезентации: Што смени УЕФА?

Читај повеќе

Врие во соблекувалната на Реал: Борба за моќ меѓу Мбапе и Винисиус

Читај повеќе

Роналдо го вика Пеп: Саудијците му нудат пари што обичен смртник не може ни да ги замисли

Читај повеќе

Еден од најбогатите луѓе во светот планира да го доведе Клоп

Читај повеќе