Хакими се соочува со 15 години затвор поради силување

Макфакс/Кајгана
/ 02.08.2025 / 13:50

Латералниот дефанзивец на Пари Сен-Жермен, Ашраф Хакими, се соочува со сериозни обвиненија за силување, што би можело да го доведе до огромна затворска казна, до 15 години.

Имено, пристигна официјалното барање од канцеларијата на француското обвинителство да го суди пред кривичен суд, поради обвинувања за силување кои наводно датираат од 2023 година.

Истрагата трае повеќе од две години, а конечната одлука за почеток на судскиот процес ќе ја донесе истражниот судија.

Станува збор за настан што се случил на 25 февруари 2023 година, во куќата на марокански фудбалер во предградието на Париз.

Рашел-Флор Пардо, тогаш 24-годишна, го обвинила за силување откако ја поканил во својот дом. Таа на истрагата ѝ раскажала дека почнала да комуницира со Хакими преку Instagram во јануари, пред да се сретнат во неговиот дом.

Таму, како што тврди, тој почнал да ја допира и бакнува против нејзина волја, а потоа имале сексуален однос. Потоа таа успеала да се оттурне и да избега, по што ѝ испратила порака на својата пријателка барајќи помош. Таа го поднесе извештајот само еден ден подоцна, а истрагата официјално беше отворена на 3 март 2023 година, кога Хакими ја негираше вината.

„Ашраф Хакими и јас остануваме смирени како што бевме на почетокот на постапката. Доколку овие барања бидат прифатени, ќе ги искористиме сите правни чекори што ни се достапни“, рече адвокатката на Хакими, Фани Колин.

Хакими, продолжи да игра за ПСЖ, со кого ја освои Лигата на шампионите оваа година, и за мароканската репрезентација.

Според весникот Le Parisien, барањето на обвинителот сугерира дека веруваат дека има доволно докази за судење, но тоа не значи дека фудбалерот е виновен.

ПСЖ не коментираше детално за случајот, но застана на страната на својот играч, наведувајќи „лични причини“ за неговото отсуство од тренинзите за време на истрагата и рече дека има доверба во правниот систем.

Се очекува истражен судија да одлучи за евентуално судење во наредните недели.

реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Фудбал

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Read more

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Read more

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Read more

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Read more
 

Спорт

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе