Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд ќе има емотивна вечер утре на „Итихад“, бидејќи неговиот тим Манчестер Сити ќе игра против Борусија Дортмунд во четвртото коло од Лигата на шампионите.
За потсетување, Халанд пристигна во Сити од Борусија пред три години и е еден од најдобрите напаѓачи во светот.
На прес-конференцијата, покрај Халанд пред новинарите се обрати и тренерот на Сити, Жузеп Гуардиола.
Во еден момент Пеп рече дека Халанд е на исто ниво со Лео Меси и Кристијано Роналдо, поради големото влијание што го има врз играта.
Халанд се насмеа на тоа и искрено додаде: „Никој не може да им се приближи. Јас сум само Норвежанец и не треба да мислам дека сум посебен само затоа што постигнувам многу голови“, рече тој.