копа судамерикана 2025

Хаос во Јужна Америка: Крвава пресметка на хулигани – дете претепано со шипка, има и мртви?

Макфакс/Кајгана
/ 21.08.2025 / 10:20

Невидено насилство го одбележа натпреварот во Буенос Аирес помеѓу Индепендиенте и Универсидад де Чиле.

Станува збор за реванш од осминафиналето на Копа Судамерикана, кој не беше завршен поради дивеењето на навивачите на трибините. Прекинот се случи во текот на второто полувреме кога ситуацијата ескалираше. Резултатот бешпе 1:1, а чилеанскиот тим водеше со вкупни 2:1.

Сè започна во текот на првото полувреме кога гостинските навивачи, кои беа сместени во горниот дел од трибината над домашната екипа, фрлаа столчиња, експлозивни направи, камења… според сведоштвата на навивачите на Индепендиенте.

Спикерот ги повика Чилеанците да го прекинат тоа, додека домашната екипа ги напушти своите места, некои од нив крвави. Потоа следеше реакција на „Бара брава“, навивачка група на Индепендиенте, позната по своето насилно однесување. Тие преминаа од другата страна на стадионот и влегоа на трибината каде што беа стационирани Чилеанците. Следеше насилство кое траеше неколку минути.

Гостинските навивачи, кои ја обвинуваат другата страна за инцидентот откако украдоа едно од нивните знамиња, предоцна беа евакуирани. На горното ниво избувна масовна тепачка, пожари избувнаа на неколку места, додека автобусот на тимот на Универсидад беше уништен.

Аргентинските хулигани не бираа кого да тепаат, па на видеата и фотографиите може да се види како еден од нив удира дете со стап.

Иако официјалните лица во среда вечерта објавија дека нема мртви, според неофицијални извори, тројца од нив ги загубиле животите. Повредените се пребројани, додека повеќе од 300 лица се уапсени.

Тагови
реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Младата Месечина во Бик ќе донесе остварување на соништата за 3 хороскопски знаци

Read more

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Read more

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Read more

Фудбал

УЕФА го казни Фенер: Пријавиле дека му плаќаат на Актурколу по 35 евра месечно

Read more

Сари: Лацио треба да го бојкотира римското дерби ако се игра напладне

Read more

Ал Хилал му нуди на Левандовски 90 милиони евра по сезона

Read more

Adidas лансира ретро дрес на Југославија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Синер го победи Рубљов и го сруши рекордот на Ѓоковиќ

Читај повеќе

УЕФА го казни Фенер: Пријавиле дека му плаќаат на Актурколу по 35 евра месечно

Читај повеќе

Сари: Лацио треба да го бојкотира римското дерби ако се игра напладне

Читај повеќе

Ал Хилал му нуди на Левандовски 90 милиони евра по сезона

Читај повеќе

Adidas лансира ретро дрес на Југославија

Читај повеќе
  • filter

Марота: Интер верува во еволуција, а не во револуција

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Иранците ги испратија фудбалерите на Светско: Пејте ја химната гласно и решително

Читај повеќе
  • play_arrow

Детроит загуби добиен меч, Кливленд блиску до финалето на Истокот

Читај повеќе

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Читај повеќе