УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2026/2027

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Кристијан Киву признава дека е „загрижувачки“ што Интер загуби 7 од последните 8 натпревари во Лигата на шампионите, вклучувајќи го и синоќешниот пораз со 3:4 од Клуб Бриж. „Се појави фрустрација, почнавме да играме хаотично и ја изгубивме рамнотежата.“

Минатата сезона „Нераѕурите“ за само еден бод пропуштија директен пласман во нокаут-фазата, а сега се соочуваат со уште потешка ситуација откако ги загубија првите два натпревара.

Ако поразот од 2:1 на гостувањето кај Реал Мадрид беше разбирлив, поразот од 4:3 на домашен терен од Клуб Бриж претставува тежок удар за самодовербата, особено поради тоа што повторно се случија индивидуални дефанзивни грешки кои овозможија извонреден хет-трик на Николо Трезолди.

„Сметам дека во првото полувреме добро реагиравме откако примивме гол; го задржавме високото ниво на интензитет и квалитет, израмнувајќи го резултатот пред паузата. Силно го започнавме второто полувреме, создавајќи значајни шанси, но потоа – можеби понесени од еуфоријата – ја изгубивме рамнотежата и правилната поставеност при вршењето притисок“, почна Киви на прес-конференцијата по мечот.

Интер првиот гол го прими од пенал откако Хакан Чалханолу направи беспотребен прекршок без топка. Потоа пред паузата израмни, но на во вториот дел по нова грешка, овој пат на голманот Жузеп Мартинес, кој беспотребно излезе далеку, гостите повторно дојдоа до водство.

„Примениот втор гол ни ги одзеде ентузијазмот и смиреноста, па почнавме да правиме работи што не се својствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим. Мораме да им оддадеме признание на противниците, кои одиграа добар натпревар со интензитет, карактер и технички квалитет, особено преку брзината на нивните крилни играчи. Не можам да бидам задоволен од бројот на примени голови; има работи што треба да се преиспитаат.“

Бриж зголеми на 3:1 во 74. минута по контра напад. Лаутаро Мартинес намали на 2:3, но на три минути пред крајот нова грешка, овој пат лошо додавање на нововлезениот Џед Спенс резултираше со убиствена контра и 2:4.

„Во Лигата на шампионите е тешко да се надомести негатива, со оглед на техничкиот квалитет и брзината на екипите што учествуваат. Треба да се фокусираме на рамнотежата, дуелите, освојувањето на 'вторите топки' и одржувањето на правилната поставеност при притисокот; имаме работа пред нас, но тоа веќе го знаевме. Свесни сме што не функционира во Лигата на шампионите: треба да работиме на менталната подготовка. Можеби носиме некаков товар – и јас ја преземам одговорноста за тоа – бидејќи тешко наоѓаме рамнотежа на вакви натпревари.“

Во судиското надополнување Интер дојде до 3:4, но не успеа да постигне уште еден гол за израмнување.

Remote video URL

„Овие два натпревара болат, со оглед на очекувањата; сите сакавме поинаков исход. Сепак, факт е дека нè чека многу работа – и тактички и ментално – за да ги вратиме ентузијазмот, рамнотежата и вистинскиот пристап. Можеби требаше да пренесам повеќе смиреност и сталоженост на полувремето пред вториот дел; во Лигата на шампионите е потребна бескомпромисност за да се постигне гол, па можеби треба нешто да промениме. Европскиот фудбал се разликува од домашното првенство по интензитетот и техничкиот квалитет, но мораме да ја најдеме вистинската рамнотежа бидејќи деталите и клучните моменти одлучуваат на натпреварите во Лигата на шампионите; треба да останеме смирени без да ги изгубиме сопствените квалитети. Сепак, не смееме да ја изгубиме вербата во себе. Чувствуваме жалење и разочарување, но остануваат уште 6 натпревари и мораме да се фокусираме на тоа да бидеме подобри отколку што бевме на овие први два натпревара.“

Наредниот предизвик за „Нераѕурите“ во Лигата на шампионите е веќе следната среда кога во Милано ќе допатува украинскиот шампион Шахтар.

реклама

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Фудбал

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Read more

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Read more

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Read more

Кој е 17-годишниот вундеркинд кој доби повик од Клоп?

Read more

Спорт

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Читај повеќе

Хамилтон стои зад критиките кон Леклер: Никогаш нема да се извинам 

Читај повеќе

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Читај повеќе

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е 17-годишниот вундеркинд кој доби повик од Клоп?

Читај повеќе

Недопирливо наследство: Засега никој нема да ја носи „десетката“ на Меси

Читај повеќе

Роналдо не сака ни проштален натпревар за Португалија

Читај повеќе
  • play_arrow

Доктор ја објаснува трагедијата со смртта на Хесус де Мигел

Читај повеќе
  • play_arrow

Соборен Гинисов рекорд: 51 исклучување на еден натпревар во Бразил

Читај повеќе