Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, јавно го поддржа својот сонародник Томас Тухел по елиминацијата на Англија во полуфиналето на Светското првенство, велејќи дека водењето натпревари во нокаут фазата е многу посложено отколку што често се прикажува во јавноста.
Англија беше на прагот да стигне до своето прво финале на Светско првенство од 1966 година, но остана со скршени соништа во последните минути од натпреварот против Аргентина. Откако Ентони Гордон донесе водство, Аргентина израмни преку Енцо Фернандес, пред Лаутаро Мартинес да постигне гол во судиското продолжение за пресврт од 2:1 и го однесе својот тим во финалето.
По поразот, голем дел од критиките беа насочени кон селекторот Томас Тухел. Многумина сметаа дека, откако поведе во второто полувреме, прерано го повлече својот тим и се одлучи за дефанзивна тактика наместо да продолжи со напаѓачка игра. Дополнително ја зајакна одбраната со внесувањето во игра на Езри Конса, Ден Брн и Нико О'Рајли, обидувајќи се да ја зачува минималната предност.
Статистиката не беше во корист на англискиот тим. До крајот на натпреварот имаа само 36% посед на топката и 5 шута кон голот. Бидејќи планот не успеа, имаше многу критики за одлуките на Тухел.
Сепак, Клоп смета дека таквата анализа е премногу едноставна.
„Луѓето често зборуваат по натпреварот како да е лесно да се биде тренер. Како да има само избор помеѓу напад и одбрана. Фудбалот е многу посложен од тоа“, рече германскиот стручњак.
Тој истакнува дека Тухел би бил критикуван без оглед на одлуката што ќе ја донесе.
„Доколку продолжеше да напаѓа и примеше гол од контранапад, денес сите ќе се прашуваа зошто не го задржал водството. Во нокаут фазата, секоја одлука носи ризик, а кога губите, секогаш ќе има некој што ќе каже дека требало да биде поинаку“, рече Клоп.
Искусниот тренер додаде дека ниедна одлука не е идеална, но дека е важно да се разберат околностите во кои се донесуваат. Особено ја пофали Аргентина, истакнувајќи дека тимот има исклучителна самодоверба и победнички менталитет, поради што често наоѓа начин големите натпревари да ги реши во своја корист.
🚨🗣️ 𝗡𝗘𝗪: Jürgen Klopp on Tuchel's performance against Argentina:
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) July 16, 2026
"People always speak after the game like coaching is easy. Like you just choose attack or defend’and that’s it. It doesn’t work like this. Football is much more complex.
"I see the criticism of Tuchel for… pic.twitter.com/YIsy4M1VMl