Двајца македонски интернационалци постигнаа мајсторски голови изминатиов викенд.
Матеј Цветаноски босанското дерби меѓу Жељезничар и Борац го почна од клупата за резерви и на полувреме влезе во игра оти неговиот Жељо губеше со 0:2. Во 83. минута од левата страна се прошета низ гостинската одбрана и заврши со прекрасен удар израмнувајќи на 2:2. Потоа неговиот тим постигна и трет гол за голема победа.
Голот на Цветаноски на 8:45 од видеото:
Во хрватската лига Илија Несторовски го постигна својот прв сезонски гол во дресот на Славен Белупо. Почна од почеток и при резултат 1:1 во 77. минута со одличен удар му донесе победа на својот тим.
Голот на Несторовски на 9:50 од видеото: