Конечна одлука: Иран ќе игра на Светското првенство

Поради воените тензии со Соединетите Американски Држави постоеше загриженост дека Иран, репрезентацијата што обезбеди место на турнирот, нема ни да патува на турнирот. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, сега ги отстрани сите сомнежи и јасно стави дознаење дека Иран ќе се натпреварува на Мундијалот.

Зборувајќи во Вашингтон, Инфантино нагласи дека нема сомнение за учеството на иранската репрезентација и дека тие дефинитивно ќе бидат на турнирот.

„Репрезентацијата на Иран доаѓа, сигурно. Се надеваме дека дотогаш ситуацијата ќе биде смирена, што би помогнало. Но, Иран мора да дојде, тие го претставуваат својот народ, се квалификуваа и играчите сакаат да играат“, откри Инфантино.

Шефот на ФИФА изјави дека неодамна ја посетил иранската репрезентација, кога се подготвуваше во Анталија.

„Отидов да ги посетам пред две недели. Играчите сакаат да играат, без оглед на политичките околности, тие веруваат дека фудбалот треба да биде мост меѓу луѓето од целата планета“, заклучи Инфантино.

Според планот, иранската репрезентација треба да пристигне во тренинг-кампот во Тусон, Аризона, до 10 јуни, а сите натпревари од групната фаза ќе ги играат во Соединетите Американски Држави.

На 16 јуни утрото во 3 часот Иран отвора против Нов Зеланд. Потоа на 21 јуни од 21 часот ќе се соочи со Белгија, а последниот меч од групната фаза го има на 27 јуни од 5 часот сабајлето против Египет. Првите два дуела ги игра во Инглвуд, Калифорнија, додека третиот во Сиетл, Вашингтон.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

Сликичката им треба, ама гага

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Фудбал

Огромни промени за фудбалските репрезентации: Што смени УЕФА?

Read more

Врие во соблекувалната на Реал: Борба за моќ меѓу Мбапе и Винисиус

Read more

Роналдо го вика Пеп: Саудијците му нудат пари што обичен смртник не може ни да ги замисли

Read more

Еден од најбогатите луѓе во светот планира да го доведе Клоп

Read more
 

Спорт

Огромни промени за фудбалските репрезентации: Што смени УЕФА?

Читај повеќе

Врие во соблекувалната на Реал: Борба за моќ меѓу Мбапе и Винисиус

Читај повеќе

Роналдо го вика Пеп: Саудијците му нудат пари што обичен смртник не може ни да ги замисли

Читај повеќе

Еден од најбогатите луѓе во светот планира да го доведе Клоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Навивачот статуа ќе оди на Светско: ДР Конго го вклучи во официјалната делегација

Читај повеќе
  • play_arrow

Борба за првиот европски трофеј сезонава: Фрајбург сонува за историја, Вила брка враќање на тронот

Читај повеќе

Азар: Ја сакав 10-ката на Модриќ, не ми ја даде

Читај повеќе
  • play_arrow

Брансон ги предводеше Никс до голем пресврт и победа над Кавс во првото финале на Истокот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како играчите на Арсенал ја прославија титулата во Премиер лига

Читај повеќе