Консејсаун: Кога Милан освоил два трофеја во една сезона?

Макфакс/Кајгана
/ 21.04.2025 / 12:55

Тренерот на Милан, Сержиу Консејсаун, зборуваше за својата иднина по поразот од Аталанта во Серија А.

Славниот италијански тим тоне сѐ подлабоко и подлабоко. Веќе во првата полусезона стана јасно дека нема да се борат за титулата во Серија А, а сега со 33 бода се сѐ подалеку од местото на табелата кое води на едно од европските натпреварувања, па големи се шансите следната сезона да не учествуваат на ниту едно меѓународно натпреварување.

Милан ја има речиси единствената реална шанса да стигне до Европа доколку ја освои Копа Италија. Во среда во полуфиналето ќе се сретне со Интер (прв натпревар 1:1), што е меч кој според тамошните медиуми би можел да ја реши судбината на Португалецот на клупата на клубот.

„Откако пристигнав, го освоив Суперкупот и победив во првиот меч од Серија А и покрај тоа сите зборуваа кои тренери кои би можеле да дојдат во Милан“, изјави Португалецот за DAZN, а потоа продолжи:

„Во фудбалот сум 40 години, ако мене ме прашате сѐ е во ред, но луѓето со кои работам ги следат сите овие приказни и тоа не ни помага да се стабилизираме. Мораме да работиме денес за да бидеме подобри утре. Искрено понекогаш ми е тешко кога гледам со колку малку почит зборуваат луѓето за тренерот на Милан како никогаш да не сум бил во соблекувалната, како никогаш да не сум бил во фудбалот. Тоа не е точно. Мојата однина е утре, да го подготвам мечот со Интер на најдобар начин и да го освоиме трофејот. Не знам кога последен пат Милан освоил два трофеја во една сезона, но тоа не е нормално“, изјави Консејсаун.

реклама

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Фудбал

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Read more

Најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига

Read more

ФИФА најави повисоки казни за расизам

Read more

Енрике: Жал ми е што Мбапе замина, но очигледно е дека сме подобри без него

Read more
 

Спорт

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе
  • play_arrow

Најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига

Читај повеќе

ФИФА најави повисоки казни за расизам

Читај повеќе

Енрике: Жал ми е што Мбапе замина, но очигледно е дека сме подобри без него

Читај повеќе

Дејвид Бекам и Гари Невил станаа сопственици на Салфорд Сити

Читај повеќе

Арон Ван-Бисака смени спортски пасош: Ќе игра за ДР Конгo

Читај повеќе
  • play_arrow

Минесота го декласираше Голден Стејт и израмни на 1-1, Грин го нокаутираше Рид

Читај повеќе

Венгер најавува ново правило, кое од корен ќе го смени фудбалот

Читај повеќе