КОПА ИТАЛИЈА 2024/2025

Консејсаун: За Интер не ни треба дополнителна мотивација

Тренерот на Милан, Сержиу Консејсаун, изјави дека на „Росонерите“ не им е потребна дополнителна мотивација за дуелот со Интер и додаде дека верува во пласманот на неговиот тим во финалето на Копа Италија.

Милан и Интер ќе се сретнат вечерва во реваншот од полуфиналето на Копа Италија, откако на првиот дуел одигран на 2 април на истиот стадион „Џузепе Меаца“ беше 1:1.

„Мотивацијата не доаѓа од противникот, туку од нашата секојдневна работа. За жал, во Серија А веќе немаме шанси, ниту за Лигата на шампионите, и затоа размислуваме само за овој натпревар“, изјави Консејсаун на прес-конференцијата, објави официјалниот сајт на клубот.

Португалскиот стратег призна дека дуелот со Интер е многу важен за Милан.

„Ова е важен натпревар за сите - играчите, клубот и навивачите, и свесни сме за тоа. Милан мора да се бори за Скудетото и Лигата на шампионите, тоа е стандард, и покрај резултатите во претходните сезони. За клуб како Милан е нормално да се биде во финалето на Копа Италија. Му честитам на Интер за резултатите во Лигата на шампионите и првенството, тоа зборува за нивната сила. Но, за нас овој натпревар е суштински, бидејќи сакаме да победиме и да стигнеме до финалето, да им го донесеме трофејот на навивачите“, додаде тренерот на Милан кој како играч две сезони играше токму за Интер.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Кајл Вокер и Рубен Лофтус-Чик ќе бидат подготвени за дербито против Интер.

„Вокер тренира со тимот, иако сè уште не е на својот максумум. Но, и тој и Лофтус-Чик ќе бидат во составот“, заклучи Консејсаун.

Дербито дела Мадонина по 29-ти пат ќе се игра во Копа Италија. Милан има 10 победи, Интер има 9, а 9 натпревари завршиле нерешено. Гол-разликата е 35:28 во корист на „Росонерите“.

Севкупно, рачунајќи ги дуелите во сите натпреварувања, ова ќе биде 244-то дерби. Интер има 91 победа, Милан има 81, а 71 меч завршил со реми. Вкупната гол-разлика од 341:319 е во корист на „Нераѕурите“.

реклама

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

Фудбал

Анчелоти е нов селектор на Бразил, ќе биде првиот странец на клупата

Read more

ФФМ објави против кои лица се покренува постапка поради сомнителниот меч Кожуф - Башкими

Read more

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Read more

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Read more
 

Спорт

ЕвроБаскетот 2029 ќе се игра во Грција

Читај повеќе

Анчелоти е нов селектор на Бразил, ќе биде првиот странец на клупата

Читај повеќе
  • play_arrow

ФФМ објави против кои лица се покренува постапка поради сомнителниот меч Кожуф - Башкими

Читај повеќе

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Читај повеќе

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Читај повеќе

Јунајтед ќе мора да го плаќа Каземиро како да е Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Читај повеќе

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе