Конте: Неверојатно е тешко да се победува со Наполи

Макфакс/Кајгана
/ 24.05.2025 / 12:08

Антонио Конте рече дека е „многу тешко да се победи со Наполи“, но и дека ова е „извонредна сезона“ во која „момците заслужуваат признание“, откако ја освоија титулата шампион на Италија во последното коло од Серија А.

Конте стана вториот тренер во историјата кој ја освоил Серија А со три различни клубови, претходно тоа му успеа на легендарниот Фабио Капело (меѓутоа нему двете титули со Јуве му беа одземени поради скандалот Калчополи). Конте Серија А ја освојуваше и со Јувентус и Интер.

„Овие момци беа одлични. Не беше лесно, притисокот беше огромен, но тие влегоа во сезоната на вистинскиот начин. Ова беше извонредна сезона и тие заслужуваат признание затоа што решија повторно да се предизвикаат себеси, особено оние кои ја освоија титулата пред две години и завршија десетти минатата сезона“.

Да потсетиме дека во сезоната 2022/2023 Наполи беше шампион под водство на Лучано Спалети, но сезоната подоцна заврши на 10-то место и остана без пласман Европа.

Токму тоа се покажа како предност оваа сезона: додека Интер играше во полуфиналето на Лигата на шампионите и полуфиналето на Копа Италија, Наполи, без европски обврски, успеа да се одржи и да се избори со повредите и потоа да ја освои титулата со еден бод повеќе.

„Искрено, многу е тешко да се победува со Наполи. Овие играчи тоа го направија двапати во три години, значи дека има нешто посебно тука. Поминаа повеќе од 30 години откако Диего Марадона ја освои титулата тука, а сега Џовани Ди Лоренцо како капитен повторно го крева трофејот. Тоа е нешто посебно. Ќе повторам, не е лесно, бидејќи ова не е клуб кој е програмиран да победува од почетокот на сезоната“.

Дали Конте ќе остане на клупата следната сезона?

„Уживаме во овој момент. Имам добар однос со претседателот. Да речеме дека се запознавме преку оваа сезона: двајцата сме победници. Можеби различни, но двајцата сме победници“.

реклама

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

ЕУ воведува систем за следење на километражата на половните автомобили

Read more

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Read more

Фудбал

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Read more

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Read more

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Читај повеќе
  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Читај повеќе

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе