СЕРИЈА А 2024/2025

Конте: Сега сè е во наши раце

Макфакс/Кајгана
/ 28.04.2025 / 11:38

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека клубот од Неапол мора да ги искористи максимално сите ресурси ако сака да ја освои титулата во Серија А.

Во неделата, Наполи се искачи на првото место на табелата во Серија А откако го победи Торино (2:0) на домашен терен, додека Интер беше поразен од Рома (0:1) среде Милано.

На четири кола пред крајот на првенството клубот од Неапол е на првото место на табелата со 74 бодови, додека Интер е втор со 71.

„Искрено, не го гледав натпреварот помеѓу Интер и Рома. Го гледав второто полувреме од Фиорентина - Емполи. Можете да ми верувате ако сакате, гајле ми е ако не ми верувате. Го исклучив телефонот, подоцна го дознав резултатот од натпреварот помеѓу Интер и Рома“, рече Конте.

До крајот на сезоната Наполи ќе игра дома против Џеноа и Каљари, додека ќе гостува кај Лече и Парма. Интер ќе ги пречека Верона и Лацио во Милано, а ќе гостува кај Торино и Комо.

„Направивме еден чекор, има уште четири. Играме против тимови кои се борат за опстанок. Сè е во наши раце“, рече тренерот на Наполи.

Клубот од Неапол ја освои последната титула во Серија А во 2023 година, кога на клупата беше Лучано Спалети.

„Мораме напорно да работиме, да го извлечеме максимумот од нашите ресурси. Мислам дека сите момци се подобрија. Работевме напорно во текот на сезоната и сега ги жнееме плодовите од таа работа. Имаме 74 бодови, четири кола до крајот, обезбедивме место во Лигата на шампионите, кога ќе се осврнеме назад и видиме каде почнавме, ова е извонредна работа. Освојувањето на Скудетото би било неверојатно. Сите заслуги за ова им припаѓаат на момците“, заклучи Конте.

реклама

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Фудбал

Почнува Лигата на шампиони: Вечерва големо дерби, ќе се игра и в четврток

Read more

Верувале или не: Гатузо со Лацио има совршен почеток во Серија А

Read more

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Read more

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Read more

Спорт

Почнува Лигата на шампиони: Вечерва големо дерби, ќе се игра и в четврток

Читај повеќе

Верувале или не: Гатузо со Лацио има совршен почеток во Серија А

Читај повеќе

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Читај повеќе

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Читај повеќе

Незамислива промена се случи во германската Бундеслига

Читај повеќе

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за реизбор

Читај повеќе

Барса руши сè пред себе; Флик: Можеме и подобро од ова

Читај повеќе

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Читај повеќе

Меси и Роналдо ќе заиграат заедно?

Читај повеќе