Крај на една ера – Џејми Варди ќе го напушти Лестер

Макфакс/Кајгана
/ 24.04.2025 / 14:47

Херојот на Лестер, Џејми Варди по 13 години реши да го напушти клубот. Клупската легенда на социјалните мрежи објави дека по завршувањето на сезоната ќе замине од „Кинг Пауер“.

„Навивачи на Лестер, мразам што дојде овој ден, но мораше да дојде. По 13 неверојатни години во клубот со многу успеси, некои падови, но главно најголеми успеси, време е да се откажам. Уништен сум, но мислам дека е вистинското време. Само сакам да ви кажам големо благодарам што ме прифативте како еден од вас. Лестер секогаш ќе биде во моето срце, сигурно ќе го следам во наредните години и се надевам дека клубот ќе биде успешен. Во овој момент ова е мое збогум, но ќе ме видите наскоро, ви благодарам“, рече Варди.

Варди е веќе бесмртен во очите на навивачите на Лестер, кои засекогаш ќе го паметат како херој во шампионската сезона 2015/2016. Пет години подоцна, тој ги предводеше „Лисиците“ до трофејот во ФА купот, зацврстувајќи го својот статус на најголем играч во историјата на клубот.

Варди доби отказ од Шефилд Венсдеј како 16-годишник, па својот фудбалски пат го започна од дното, од најниските лиги, преку Стокбриџ Парк и Халифакс.

Лестер го донесе Варди од аматерскиот Флитвуд за 1 милион фунти во 2012 година, четири години подоцна беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата, а во сезоната 2019/2020 беше најдобар стрелец.

Иако го посакуваа најголемите европски клубови, тој и во најтешките моменти им остана верен на „Лисиците“, па го водеше тимот минатата сезона кога експресно се врати во Премиер лигата и тоа како шампион на Чемпионшип.

По поразот на домашен терен од Ливерпул со 1:0, Лестер и математички ги загуби шансите да остане во елитата.

За „Лисиците“ постигна 198 голови на 496 натпревари, а доколку настапи во последните четири кола од тековната сезона ќе го напушти клубот со точно 500 настапи.

Иако во јануари наполни 39 години, Варди нема намера да ја заврши кариерата.

реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Фудбал

За прв пат во историјата жена стана тренер на тим од Големата петорка

Read more

Сите голови од 24. коло во втората лига

Read more

Артета разочаран по шокантниот пораз од Борнмут: Болен удар

Read more

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Read more
 

Спорт

За прв пат во историјата жена стана тренер на тим од Големата петорка

Читај повеќе
  • play_arrow

Сите голови од 24. коло во втората лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Артета разочаран по шокантниот пораз од Борнмут: Болен удар

Читај повеќе

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе