Иако испаднаа во втората лига, во неделата на стадионот „Кинг Пауер“ имаше церемонија, кога навивачите на Лестер се збогуваа со својот миленик, 38-годишниот Џејми Варди, на начинот на кој тој заслужуваше. Во својот 500-ти натпревар за „Лисиците“ го постигна својот 200-ти гол.

Десет минути пред крајот на натпреварот, Варди беше испратен од теренот од почесна гарда од сегашни и поранешни соиграчи со кои ја освои Премиер лигата (2015/2016). Помина 13 години во Лестер, а оваа сезона, и покрај неговите напредни играчки години, имаше добри перформанси, постигнувајќи 10 голови и запишувајќи 4 асистенции.
That incredible 200th moment ✨ pic.twitter.com/CXxuBNfhC5
— Leicester City (@LCFC) May 18, 2025
„Ви благодарам многу за сè што направивте за мене и моето семејство, бидејќи тука си го направивме нашиот дом. Уживав во секоја минута и ќе продолжам да го поддржувам овој клуб. Фудбалот на ова ниво е ментално исцрпувачки, повеќе не би можел ова да го повторам. Но, верувам дека наскоро ќе се вратиме во Премиер лигата, ова е добар тим, има многу млади играчи“, рече Варди збогувајќи се со својот сакан клуб.
We love you, Vardy 💙 pic.twitter.com/P5DQEEzftW
— Leicester City (@LCFC) May 19, 2025
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и сегашен менаџер на Лестер, Руд ван Нистелрој, е полн со пофалби за Варди: „Во годините што доаѓаат сите ќе го паметиме овој момент. Тој е голем човек за овој клуб, беше посебен, одличен капитен и вистински карактер“.
Пристигна во Лестер, тогаш во втората лига, како 25-годишник во летото 2012 година од петтолигашот Флитвуд Таун, каде што играше во сезоната 2011/2012. постигна 34 голови и додаде 17 асистенции. „Лисиците“ платија 1 милион фунти (1 милион и 240 илјади евра) за него, што беше рекордна сума пари за играч од екипа од пониска лига. Сите се прашуваа дали вреди за парите.
The end of an unbelievable era 🥹 pic.twitter.com/XrJOdKUllk
— Leicester City (@LCFC) May 18, 2025
Во својата прва сезона со „Лисиците“, тој постигна само пет гола, но следната сезона покажа дека може да се смета на него. Тој постигна 16 гола и имаше 11 асистенции, а Лестер го освои првото место во втората лига и се квалификуваше за Премиер лигата.
Резервниот голман Марк Шварцер, кој пристигна во Лестер во јануари 2015 година, бил изненаден од тоа колку лош бил Варди на тренинзите: „Неговите додавања беа погрешни, топката леташе насекаде. Откако заврши сезоната, многу работеше индивидуално тоа лето, а во сезоната 2015/2016 беше сосем поинаков фудбалер“.
Тој исто така ги променил и своите навики во исхраната, па ден пред натпревар пиеше 3 Ред Була, дупло еспресо и јадеше омлет со сирење и шунка со печен грав за појадок. Под водство на италијанскиот тренер Клаудио Раниери, „Лисиците“ го остварија едно од најголемите изненадувања во Премиер лигата со освојувањето на шампионската титула, а Варди за тоа придонесе со 24 голови.
Во сезоната 2019/2020 беше најдобар стрелец во Премиер лигата со 23 голови и, на 33-годишна возраст, стана најстариот фудбалер што ја освоил Златната копачка на англиската Премиер лига. Иако одигра одлични натпревари во дресот на „Лисиците“, англиските селектори го заобиколуваа, па одигра само 26 натпревари за репрезентацијата и постигна 7 голови. Беше во англискиот состав на ЕУРО 2016 и на Мундијалот 2018.