СЕРИЈА А 2024/2025

Крваво римско дерби: Над 20 полицајци повредени во судирите меѓу навивачите на Лацио и Рома

Градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, изјави дека повеќе од 20 полицајци се повредени во судирите со навивачите во пресрет на Дерби дела Капитале натпреварот од Серија А меѓу Лацио и Рома, кој се одигра пред два дена во Рим, објави денеска AP.

Италијанските медиуми потсетуваат дека околу стадионот „Олимпико“ во Рим биле распоредени околу 2.000 полицајци. Судирот започна кога навивачите на Лацио се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Навивачите на „Бјанкочелестите“ фрлаа ракети и тврди предмети кон италијанските полицајци.

Полицијата одговорила со солзавец и водени топови. Италијанските медиуми јавуваат дека во овие судири се повредени 24 полицајци, а причинета е материјална штета од 40.000 евра.

„Згрозен сум. Неприфатливо е хулиганите да трансформираат фудбалски натпревар во сцена на урбана војна“, рече Гуалтиери.

Претставниците на двата римски клуба изразија солидарност со повредените полицајци и го осудија насилството.

Инаку, натпреварот заврши без победник, 1:1. Поведе Лацио преку дефанзивецот Алесио Ромањоли во 47. минута, а израмни Аргентинецот Матиас Соуле во 69-тата.

Remote video URL
реклама

Фудбал

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Read more

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Read more

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Read more

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Читај повеќе

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Читај повеќе